Линкови за пристапност

Либанската влада си даде оставка


Премиерот Хасан Диаб не кажа кога би се одржале нови избори

Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека неговата Влада си дала оставка, како последица на експлозијата во Бејрут минатата недела, и протестите кои уследија потоа.

Тој рече дека ќе биде заедно со луѓето во борбата за промени, без да каже кога би се одржале нови избори.

Вината за проблемите во државата ја посочи кај политичката елита, која владеела со Либан од крајот на граѓанската војна, речиси 30 години.

Според него, таа предизвикала политичко и економско уништување на државата.

Државните лидери се обвинуваат за корупција и неспособност, кои придонеле за трагедијата минатата недела, при која беа убиени најмалку 160 лица, повредени илјадници, а над 250.000 луѓе останаа без дом.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, рече дека мора да биде слушнат гласот на либанскиот народ.

„Важно е да има кредибилна и транспарентна истрага со цел да се утврди причината за експлозијата, и да се поведе одговорност пред либанските граѓани“, рече Гутереш.

САД ветија првична помош од 17 милиони долари, испраќајки три авиони со медицинска помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG