Американскиот претседател Џо Бајден денес објави дека неговата администрација одобрила дополнителни 9 милијарди долари за олеснување на студентскиот долг за 125.000 должници.
Бајден рече дека ќе преземе нови мерки за да обезбеди олеснување на студентските заеми на Американците, откако Врховниот суд го блокираше неговиот план за укинување на долгот од стотици милијарди долари.
Претседателот рече дека последната објава го донело вкупното одобрено отпишување на долгот од неговата администрација на 127 милијарди долари за речиси 3,6 милиони Американци.
„Овој вид олеснување го менува животот на поединците и нивните семејства. Но, тоа е добро и за нашата економија како целина“, им рече тој на новинарите.
Според Белата куќа, новите мерки вклучуваат 5,2 милијарди долари дополнително олеснување на долгот за 53.000 должници под програмите за простување на заемот за јавни услуги, речиси 2,8 милијарди долари ново олеснување на долгот за околу 51.000 заемопримачи. Белата куќа вели дека тие се должници кои плаќале 20 или повеќе години „но никогаш не го добиле олеснувањето кое им следувало, како и 1,2 милијарди долари за скоро 22.000 заемопримачи со попреченост кои се идентификувани и одобрени преку усогласување на податоци со Управата за социјално осигурување.
„Мојата администрација прави се` што може за да испорача олеснување на студентскиот долг до колку што можеме, колку што можеме побрзо“, рече Бајден.