Линкови за пристапност

На Балтикот страв од Русија


Воените вежби на Русија и зачестеното нарушувањето на воздушниот простор на НАТО додаваат на загриженоста кај балтичките држави кои за одбрана се потпираат на НАТО

Борбена група на НАТО предводена од Германија, составена од тенкови, оклопни возила и војници, вклучувајќи и Литванци во средината на март во област надвор од воената база Рукла во Литванија им се спротивстави на „непријателски напаѓачи.“

Групата на НАТО истрела ракети и чадни бомби, во она што за офицерот задолжен за односи со јавноста беше прва вежба откако тие пристигнаа во Литванија порано годинава.

Група од армиски германски претставници и други високи личности од Европа ја набљудуваа вежбата.

„Доаѓаме од Норвешка, Белгија, Холандија. Сите добивме обука со висок интензитет,“ изјави потполковникот Кристоф Хубер, командант на борбената група на НАТО и на германскиот контингент во Литванија. „Ние сме подготвени за одбрана на Литванија.“

НАТО испраќа дополнителни војници во балтичките земји за да ги убеди поранешните советски републики дека стои со нив наспроти се` поагресивната Русија, која распоредувањето го опишува како закана по нејзината безбедност.

По руската анексија на украинскиот полуостров Крим, НАТО се согласи да испрати војници во Литванија, Естонија, Латвија и Полска во обид да одврати можна руска агресија.

Воените вежби на Русија и зачестеното нарушувањето на воздушниот простор на НАТО ги загрижи балтичките држави, кои за одбрана се потпираат на НАТО. Рaст од околу 400 случаи во 2014-та и 2015-та година, на 800 пати во 2016-та година.

„Ние го штитиме воздушниот простор на НАТО, границите на НАТО“, вели мајорот Мартин, командант на воздухопловниот одред на Холандија задолжен за набљудување на балтичкото небо во Сиаулај. „Тоа не се однесува само на Русите - тоа се однесува за било кој авион, кој не оперира во согласност со правилата.“

Барањето на американскиот претседател Доналд Трамп од членките на НАТО да трошат повеќе за нивната одбрана, беше поздравено во балтичките држави, но постои загриженост дека неговите напори за подобрување на американско-руските односи може да ги жртвува нивните интереси.

„Се надеваме дека ваквиот вид на односи нема да создаде нови сфери на влијание; да нема нова Јалта Два, и се разбира, не треба да биде во спротивност со меѓународното право,“ рече министерот за надворешни работи на Латвија Едгарс Ринкевич.

Литванија годинава почна со изградба на ограда со отворената границата во областа Калининград. Главната цел на оградата е да се спречи шверцот, но и да помогне во олеснување на загриженоста спрема Русија.

„Како што реков, треба да сме подготвени за најлошото“, рече политичкиот директор во Министерството за одбрана на Литванија, Ваидотас Урбелис. „Може да има провокации. Видовме инцидент на естонската граница каде еден офицер беше киднапиран.“

Сместена меѓу членките на НАТО, Литванија и Полска, руската енклава Калининград има стратешко значење.

Според наводи на НАТО, Русија неодамна таму распоредила систем за против ракетна одбрана С-400 и балистички проектили Искендер, кои можат да носат нуклеарно оружје.

За секој случај, балтичките држави го повикаа НАТО да преземе дополнителни мерки за обезбедување во регионот пред руската воена вежба закажана во септември во соседна Белорусија, за која некои стравуваат дека е многу поголема по обем отколку што е пријавено.

Литванската претседателка Далија Грибаускаите руската воена вежба „Запад 2017“ која се одржа во февруари ја опиша како голема и агресивна, која покажува подготовка за војна со Запад.“

Руските државни медиуми во вторникот објавија дека во заедничката вежба меѓу Русија и Белорусија ќе бидат вклучени околу 3.000 руски војници, 280 борбени возила и до 25 руски авиони.

Во обид да ја зголеми транспарентноста белорускиот претседател Александар Лукашенко во понеделникот на вежбите покани набљудувачи од НАТО.

(Даниел Шaрф)

XS
SM
MD
LG