Линкови за пристапност

Бајден укина долг од 6 милијарди долари студентски заем за 78.000 вработени во јавните служби


Укинувањето на студентскиот долг во оваа група е за наставници, медицински сестри и пожарникари, кои се квалификуваат според Програмата за простување на заеми за јавни услуги, воведена во 2007 година
Укинувањето на студентскиот долг во оваа група е за наставници, медицински сестри и пожарникари, кои се квалификуваат според Програмата за простување на заеми за јавни услуги, воведена во 2007 година

Американскиот претседател Џо Бајден денес објави дека студентски заем од 6 милијарди долари ќе им биде откажан на 78.000 должници, со што вкупното отпишување на студентскиот долг на неговата администрација ќе достигне речиси 150 милијарди долари.

Бајден, демократ, минатата година вети дека ќе најде други начини за справување со олеснување на долгот, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за укинување на долгот за студентски заем од 430 милијарди долари.

Последната група вклучува работници во јавните служби, како што се наставници, медицински сестри и пожарникари, кои се квалификуваат според Програмата за простување на заеми за јавни услуги, воведена во 2007 година за простување на студентски долг за Американците кои одат на јавна служба.

„Овие вработени во јавниот сервис ги посветија своите кариери за да им служат на нивните заедници, но поради минатите административни неуспеси, никогаш не го добија олеснувањето на кое им следуваше според законот“, рече Бајден во изјавата.

Заклучно со јуни 2023 година, околу 43,4 милиони американски приматели на студентски заеми имале неподмирени заеми од 1,63 трилиони долари, според веб-страницата на Федералната студентска помош.

Долгот за високото образование е тројно зголемен од финансиската криза во 2008 година.

Големите камати и големите плаќања за овие заеми значат дека помладите Американци се мачат да купат домови или да направат други инвестиции, а демократите со години се залагаат за простување на американската влада.

Републиканците во голема мера се противат на ваквите акции.

Бајден бара реизбор во ноември и му треба гласот на младите за да му помогне да победи.

„Нема да отстапам од користењето на секоја алатка што ми е на располагање за да им овозможам олеснување на студентскиот долг на повеќе Американци“, рече Бајден.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека најновиот потег на Бајден го донесе вкупниот износ на отпишување на долгот за време на администрацијата на Бајден на 144 милијарди долари за речиси 4 милиони Американци.

XS
SM
MD
LG