Линкови за пристапност

Бајден формираше работна група да се справи со погрешно постапување со доверливи документи


Работната група за транзиција на претседателските досиеја ќе ги проучува минатите транзиции за да ги утврди најдобрите практики за заштита на доверливите информации од администрацијата во заминување
Работната група за транзиција на претседателските досиеја ќе ги проучува минатите транзиции за да ги утврди најдобрите практики за заштита на доверливите информации од администрацијата во заминување

Претседателот на САД Џо Бајден формираше работна група чија цел е да се справи со „системскиот“ проблем со неправилно ракување со доверливи информации за време на претседателските транзиции.

Потегот денес доаѓа неколку дена откако специјалниот обвинител на Одделот за правда го објави извештајот за справување на Бајден со класифицирани документи.

Работната група за транзиција на претседателските досиеја ќе ги проучува минатите транзиции за да ги утврди најдобрите практики за заштита на доверливите информации од администрацијата во заминување.

Исто така, ќе ја процени потребата од промени на постојните политики за да се спречи отстранувањето на чувствителните информации, кои според законот треба да се чуваат во Националната управа за архиви и евиденција.

Во извештајот на специјалниот советник Роберт Хур се наведени десетици чувствителни документи пронајдени во домот на Бајден во Делавер и во неговата поранешна канцеларија во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG