Линкови за пристапност

Бајден денес на Г-20, се очекува да повика да се одржи поддршката за Украина


Бајден ја посети Амазонија и се сретна со домородните лидери кои работат на зачувување и заштита на овој критичен екосистем
Бајден ја посети Амазонија и се сретна со домородните лидери кои работат на зачувување и заштита на овој критичен екосистем

Претседателот на САД Џо Бајден ќе присуствува на самитот Г-20 по посетата во Лима на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка, а потоа на Манаус.

Целта на патувањето е да се истакне „посветеноста за заштита на животната средина и почитувањето на локалните култури“, се вели во соопштението од 12 ноември од Амбасадата на САД во Бразил.

Претставници на Белата куќа инсистираат на тоа дека посетите на Бајден на АПЕК и Г-20 ќе бидат суштински, со разговори за климатските прашања, глобалната инфраструктура, напорите за борба против наркотици и состаноци еден на еден со глобалните лидери, вклучително и кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Тие функционери велат дека Бајден, исто така, ќе ги искористи самитите за да ги притисне сојузниците да ја задржат поддршката за Украина додека се обидува да се одбрани од руската инвазија и да не изгубат од вид да се најде крај на војните во Либан и Газа.

Сите обврски што ги презема Бајден може да бидат поништени од следната администрација на Белата куќа, според Даниел Ејрес, професорка за меѓународни односи на Федералниот универзитет на Санта Катарина.

„Тоа би значело дека Трамп ќе мора да биде проактивен и да каже дека САД нема да направат нешто за што се согласија на меѓународно ниво“, рече Ајрес.

„Тоа има цена. Тоа генерира несигурност, лоша перцепција на меѓународната заедница кон Трамп“.

Изборот на Трамп може да предизвика и други земји да гледаат на Кина како посигурен партнер.

Премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер ќе се сретне со Шји денес, што е прва средба меѓу британските и кинеските лидери од 2018 година.

Канцеларијата на Стармер соопшти дека лидерот на Обединетото Кралство се обидува да ги поправи односите со Пекинг по долгогодишното огорченост околу човековите права, Хонгконг и, како што велат британските власти, обидите на Пекинг да изврши влијание врз британската политика.

Значајно отсутен на Г-20 ќе биде рускиот претседател Владимир Путин, против кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог со кој се обврзуваат земјите-членки да го уапсат, а руската делегација ќе ја предводи Сергеј Лавров.

Израел не е членка на Г-20.

„Последните состаноци на Г-20 беа донекаде исцрпени и станаа само уште еден момент за билатерални средби на шефови на влади. Бидејќи Путин е надвор, Лула успеа Украина да не биде тема, исто колку и Израел. Но, изборот на Трамп ја зема од Лула шансата да биде ѕвезда на сцената“, рече Томас Трауман, поранешен владин министер и политички консултант со седиште во Рио.

XS
SM
MD
LG