Линкови за пристапност

Блинкен заминува за Брисел, а потоа и во Рио де Жанеиро на Г-20 самитот


Ентони Блинкен - aмерикански државен секретар
Ентони Блинкен - aмерикански државен секретар

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник заминува за Брисел, додека Вашингтон бара начини да ја „зголеми“ воената помош за Украина во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден.

По Брисел, Блинкен ќе продолжи во Лима, Перу, на состаноци за азиско-пацифичка економска соработка, по што ќе застанат во Манаус и Рио де Жанеиро, Бразил, на самитот на 20-те најголеми економии, Г-20. Тој ќе му се придружи на Бајден во Перу и Бразил.

Претседателот Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг се очекува да одржат разговори лице в лице во сабота на маргините на самитот на АПЕК, состанок кој се очекува да трае околу еден и пол час, според извори запознаени со плановите кои зборуваше за Гласот на Америка под услов да остане анонимен.

Американски државен секретар Ентони Блинкен
Американски државен секретар Ентони Блинкен

Во среда, Блинкен ќе се вклучи во дискусии со своите колеги од НАТО и Европската унија за да ја координира континуираната поддршка за Украина, додека претседателот Бајден ќе се состане со новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Официјални лица велат дека Бајден ќе побара од Трамп да „остане“ со Украина.

Директната поддршка на Северна Кореја за руската војна во Украина се очекува да биде фокусна точка за време на дискусиите на Блинкен со европските колеги и најверојатно ќе се најде на агендата на разговорите меѓу американските официјални лица и нивните колеги во АПЕК.

Претстојните состаноци на Блинкен во Брисел, исто така, следат по собирот на европските лидери во четвртокот во Будимпешта, каде што се осврнаа на трансатлантските односи, поддршката за Украина и други неодложни прашања по победата на Трамп на претседателските избори во САД минатата недела.

XS
SM
MD
LG