Линкови за пристапност

Патник на крузер во Австралија тестиран од коронавирус


Австралиските здравствени власти во петокот тестираа еден патник на крузер во пристаништето во Сиднеј поради респираторно заболување, кое ги загрижи другите патници поради можноста од појава на коронавирус на бродот.

Официјални претставници изјавија дека резултатите од тестот се очекуваат подоцна во петок. Не е познато дали патникот што бил прегледан бил однесен во болница.

Исто така соопштија дека никој од патниците не престојувал во Кина неодамна.

Во четвртокот, австралискиот премиер Скот Морисон ја продолжи забраната за влез на странски државјани кои неодамна биле во посета на Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG