Линкови за пристапност

Стопирано клиничкото испитување на вакцината Астра Зенека кај мали деца


Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи разгледува можна врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта

Клиничкото испитување на вакцината Астра Зенека за деца и тинејџери е запрена од страна на истражувачите во Оксфорд, бидејќи британските регулатори на лекови спроведуваат дополнителен преглед за безбедноста на режимот со две дози вакцина.

Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи разгледува можна врска помеѓу вакцината и згрутчување на крвта кај луѓето ширум светот, вклучително и во неколку европски земји. Досега имало само 30 случаи на згрутчување на крвта од 18 милиони дози дистрибуирани низ европскиот континент, вклучувајќи седум смртни случаи. Повеќето случаи биле дијагностицирани како тромбоза на церебрален венски синус и можат да доведат до мозочен удар.

Пандемијата заболе повеќе од 132,5 милиони луѓе ширум светот од нејзиното откривање за прв пат во централна Кина кон крајот на 2019-та година, а повеќе од 2,8 милиони смртни случаи се пријавени, според Центарот за истражувања на коронавирусите на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG