Линкови за пристапност

ОН бараат 301 милион долари за помош на Филипините


Според најновите проценки, од тајфунот Хаијан загинале 10.000, а 660.000 се без покрив над главата.

По супер-тајфунот Хаијан:

  • Се претпоставува дека загинале најмалку 10.000.
  • Најмалку 9,8 милиони погодени
  • Околу 660.000 раселени лица.
  • 349.494 се наоѓат во прифатни центри.
  • Подигнати 1.316 прифатни центри.

    Извор: ОН.
Обединетите нации бараат 301 милион долари за да им помогнат на погодените од тајфунот во централниот дел на Филипините, каде се претпоставува дека загинале 10.000 лица, а многу повеќе се без покрив над главата.

Шефицата за хуманитарни мисии на ОН Валери Амос ова го побара за време на посетата на погодениот регион. Таа рече дека меѓународната заедница веќе реагирала енергично, но дека е потребно уште повеќе.

Според ОН, 660.000 лица се раселени како резултат на тајфунот Хаијан, кој го опустоши зафрлениот дел на
Филипините кон крајот на минатата недела со рекордно силни ветришта и бранови налик на цунами. Четири дена по тајфунот, многумина се без вода, храна и лекови. Од најтешко погодениот град, Таклобан, стигаат извештаи за масовни грабежи на продавниците и дестици безживотни тела што се распаѓаат по улиците.

Иако доставата на помош тече бавно, јакнат меѓународните хуманитарни акции за Тајван.

Пентагон доцна синоќа соопшти дека го испратил носачот на авиони Џорџ Вашингтон во погоденото подрачје. Носачот, на кој се наоѓаат 5,000 морнари и 80 авиони, треба да пристигне за два дена.
XS
SM
MD
LG