Линкови за пристапност

Детектирани сигнали од црните кутии на Ер Азија


На поинаква локација на морското дно од онаа каде што беше пронајдена опашката на авионот

Индонезиските власти детектирале сигнали од црните кутии на авионот на Ер Азија којшто се урна во Јаванското Море на 28-ми декември.

Сигналите наводно доаѓаат од поинаква локација на морското дно од онаа каде што беше пронајдена опашката на авионот. Црните кутии по правило се наоѓаат во опашката на авионот и може да дадат клучни информации за тоа што се случило.

Опашката беше лоцирана средата, на длабочина од околу 30 метри, на околу 30 километри од последната потврдена воздушна позиција на авионот.

Авионот со 162 лица исчезна од радарот над северниот дел од Јаванското Море додека сообраќаше од индонезискиот град Сурабаја за Сингапур. Во несреќата нема преживеани, а засега се пронајдени само 48 тела на загинатите.

Властите претпоставуваат дека ќе ги пронајдат преостанатите загинати во неколкуте поголеми остатоци од авионот на морското дно.

XS
SM
MD
LG