Линкови за пристапност

Лоциран задниот дел од исчезнатиот авион на Ер Азија


Таму се наоѓа црната кутија која треба да даде одговори за причините на несреќата

Индонезиските спасувачки тимови ја пронајдоа опашката од исчезнатиот авион 8501 на Ер Азија, кој се урна во Јаванското море на 28-ми декември.

Шефот на националната агенција за потрага и спасување потврди дека задниот дел од авионот, каде се наоѓа таканаречената црна кутија со снимени информации за летот, е пронајден откако официјални лица најавија проширување на областа за потрага по остатоци од авионот. Информациите од црната кутија треба да им помогнат на официјални лица да ја утврдат причината на несреќата.

Авионот со 162 лица исчезна недалеку од крајбрежјето на Борнео. Нема преживеани, а засега се пронајдени помалку од 40 тела.

Патничкиот авион од типот Ербас 320 исчезна од радарот без знаци за проблеми, на половина пат на летот од Индонезија до Сингапур.

Вештаци од Австралија работат со индонезиските власти во идентификување на телата.

XS
SM
MD
LG