Линкови за пристапност

Беловски: Ќе организираме протести ако по Нова година не бидат донесени измените на кривичниот закон


Измените на кривичниот закон, со кој напад на новинар ќе се третира како напад на службено лице сè уште тапка во место
Измените на кривичниот закон, со кој напад на новинар ќе се третира како напад на службено лице сè уште тапка во место

Императив на новото раководство на ССНМ, ќе биде носење на колективни договори за медиумските работници, а минималната плата да биде поголема за 30% од просечната плата во Северна Македонија, вели синдикалниот лидер на медиумските работници

Измените на кривичниот закон, со кој напад на новинар ќе се третира како напад на службено лице сè уште тапка во место. Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Павле Беловски во интервју за Глас на Америка вели дека до Нова година ќе чекаат пратениците да ги донесат измените.

„Зошто ние од 2017-та година инсистираме на овие измени, а тоа е да го промениме впечатокот во општеството дека секој може да нападне новинар само затоа што си ја врши својата работа. Во сите случаи досега на напад на новинар, заклучокот и впечатоците се исти, не е нападнато лицето со име и презиме, туку се напаѓа затоа што го работи ова, односно се напаѓа нашата професија. И по две години застој во Собранието од кога Владата ги достави во Собранието предлог измените, се уште не се донесени. И постојано укажуваме, реагираме, а овој пат и ќе се заканиме, дека ако по Нова година не бидат донесени овие законски измени, ќе мора да ја промениме формата на дејствување, а размислуваме веќе за бојкот и за протести“, вели Беловски.

Измените на законот ќе бидат од полза за медиумските работници.

„За еднаш за секогаш обвинителите да имаат можност и да имаат слобода да гонат без пријавител да е новинарот, затоа што така дополнително се изложува на понатамошни шиканирања од страна на тој напаѓач. Државата ќе покаже дека постои систем, а судот ќе има можност да изрече казна дури и казна затвор во овој случај“.

Несигурноста доаѓа преку кршењето на законот за работни односи и треба да знаат работодавците дека законот за работни односи мора да се почитува и дека Синдикатот е чувар на законот за работни односи

Но и понатаму се поголем е бројот на случаи на говор на омраза, клевета, закани по живот врз новинари додава Беловски.

„Особено нашите колешки се изложени на клевети и напади по родова поделеност“.

Примарна цел на Синдикатот е да се бори за работничките права на медиумските работници и сега во услови на разнишана доверба во медиумите. Дали новинарите има каде да се обратат и да бараат подобри услови за работа?

„Несигурноста доаѓа преку кршењето на законот за работни односи и треба да знаат работодавците дека законот за работни односи мора да се почитува и дека Синдикатот е чувар на законот за работни односи“.

Новинарите во Северна Македонија се најслабо платени во регионот. Оваа професија станува се помалку атрактивна за младите. Го прашавме Беловски, како да се подобри ваквата ситуација. Новинарството е една од ретките дејности каде отсуствуваат колективните договори.

„Колективните договори претставуваат документ, со сила на закон, каде се унапредуваат постојните права. Ако законот за работни односи е номинален, во колективните договори ние имаме можност и слобода, да препишеме што е основниот минимум за некој медиумски работник и новинар да партиципира во нашата професија. Затоа ние како ССНМ го гледаме како нешто есенцијално, каде ќе ја дадеме основата, а тука е и минималната плата, но не мислам на онаа која ја предвидува државата, тука онаа која ние ќе ја предвидиме и договараме и прифати работодавачот. Ајде да зборуваме за 25.000-35.000 денари. Нека биде 30% поголема од просечната плата во Македонија. И тоа да биде минимум во колективните договори. Но за да стасаме до минимум, мора да се избориме за колективни договори и тоа се императивите на новото раководство и јас како претседател“.

Беловски смета дека од договореното и двете страни ќе бидат задоволни.

„Затоа што работодавачите од друга страна ќе сакаат да се воведе еден пропишан ред на извршување на работните обврски, кој ќе излезе од законот за работни односи. Тоа фамозно работно време од 8 часа, непродуктивно седење само колку да се оствари тоа работно време, да седне по канцелариите, додека би можеле да одиме со 7 часа работно време, кои ќе бидат ефективни, и кои ќе бидат од корист и на работникот и на работодавачот. И само ССНМ ја има таа можност според законот и може тоа да го стори“.

Имаме јасни и конкретни предлози. Тоа се мали буџетски интервенции. Формирање на фонд за медиуми, каде што локалните, регионалните и па и национални медиуми, ќе може да аплицираат со идеи

Ситуацијата е особено лоша во помалите медиуми, каде новинарите се во опасност да изгубат работа поради економската криза. Имаат ли план во ССНМ како тоа да се спречи?

„Имаме јасни и конкретни предлози. Тоа се мали буџетски интервенции. Формирање на фонд за медиуми, каде што локалните, регионалните и па и национални медиуми, ќе може да аплицираат со идеи, а не како досега да одат и да молат во општините за трошки маркетинг, купувајќи ја така добрата воља на медиумите, општинарите, за да може да се протурка се што сакаат од своите локални политики. Ние зборуваме за сериозен фонд од над 5 милиони евра годишни кои би се одвојувале од буџетот и со строга контрола на медиумските здруженија, бидејќи ќе оди по принцип на аплицирање, а не на доделување по клуч. Но додека го видиме тоа и додека го преговараме со Владата, потребни се веднаш интервенции. Една од заложбите на Синдикатот е да се оди со ослободување од персоналниот данок, како една мала финансиска инјекција, иако е тоа непопуларно“.

Беловски вели дека периодот на пандемијата со Ковид 19, бил пресвртна точка во однос на зголемувањето на небезбедноста и чувството на несигурност кај медиумските работници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG