Линкови за пристапност

Младен Чадиковски: „Не“ за новинарството ставено во јарем


Младен Чадиковски, ЗНМ: Политиката секогаш сакала да има влијание во новинарството. Но колку ќе има влијане и дали ќе има влијание, најмногу зависи од нас новинаритe
Младен Чадиковски, ЗНМ: Политиката секогаш сакала да има влијание во новинарството. Но колку ќе има влијане и дали ќе има влијание, најмногу зависи од нас новинаритe

Во следниот четиригодишен мандат целта е да го ограничиме она што се вели пи-ар на политичките партии и владата во начинот на функционирање. Затоа што ни ја земаат работата, промовираат пропаганда, вели Младен Чадиковски во интервју за Гласот на Америка

Почитувањето на принципите на правда и етика во новинарството ќе бидат меѓу главните заложби на старо новиот претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој во интервју за Глас на Америка најавува отворена подршка и одбрана на новинарите, снимателите и сите во новинарската професија, бидејки само на тој начин вели ќе се подигне солидарноста меѓу новинарите на повисоко ниво.

Интервју со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:32 0:00

Неодамна на редовно годишно собрание Чадиковски ја доби довербата и во наредните четири години да го води новинарското здружение.

„После ова собрание кое што се случи и на кое што дојдоа околу 500 новинари, сниматели и фоторепортери имаме една многу поголема одговорност пред сите да останеме доследни на сите наши заложби со кои што сакаме да кажеме стоп за насилството врз професијата, стоп за нападите врз новинарите, напред за професионализмот во професијата и работата во редакциите. Мора да го издигнеме квалитетот на новинарството на едно повисоко ниво“, вели Чадиковски.

Она што ЗНМ ќе го понуди, а за што изборното собрание усвои декларација е основање на Фонд за новинарски проекти. Целта е да се зголеми уште повеќе квалитетот во новинарството во земјата.

„Фонд за новинарски проекти со кои ќе промовираме проекти кои што ќе значат, аналитично, истражувачко, документаристичко новинарство. Новинарство кое ќе биде од најразлилен карактер и за телевизиите и за радијата, весниците и за онлајн медиумите. Што значи дека на еден начин ние ќе се обидеме со овој фонд за подршка на професионалното новинарстото да го зголемиме квалитетот на новинарските продукти од една страна, а од друга страна да обезбедиме доволно финаниски средства и пари за новинарите, за да може тој труд да биде платен достоинствено“.

Еден голем дел од овој фонд вели Чадиковски мора да биде наменет за локалните и регионални новинари и медиуми, каде што состојбата со новинарството е многу потешка.

„Поради многу причини. Слабата социјална клима, економските прилики односно неприлики во внатрешноста поради тоа што голем дел од рекламите се концентрирани во Скопје. И поради тоа постои потреба голем и значаен дел да биде наменет за теми кои покриваат локални и регионални сектори“.

Чадиковски е свесен за проблемите со кои се соочува македонското новинарство во моментот. Тешките услови за работа на новинарите и медиумите, ниските плати на медиумските работници, како и притисокот, кој доаѓа од разни центри на моќ.

Не е важно колкави се притисоците врз новинарите, туку колкава е отпорноста на одолееме на тие притисоци. Многу е важно да останеме обединети и да кажеме не на сите оние кои сакаат да го подјаремат новинарството во Македонија
Младен Чадиковски

„Политиката секогаш сакала да има влијание во новинарството. Но колку ќе има влијане и дали ќе има влијание, најмногу зависи од нас новинарите. Ако ние не дозволиме тоа влијание да биде значително, тогаш сме на добар пат, ако дозволиме, како што се случувало во минатото, политичките партии, функционери, министри, премиери, да стават капа и шака врз медиумите, тогаш ќе го добиеме резултатот што го имавме, од што последици влечеме и ден денеска. Меѓутоа ова здружение на новинарите на Македонија и во минатото и сега покажува дека не е важно колкави се притисоците врз новинарите, туку колкава е отпорноста на одолееме на тие притисоци. Многу е важно да останеме обединети и да кажеме не на сите оние кои сакаат да го подјаремат новинарството во Македонија. Токму поради тоа и во програмата во следниот четиригодишен мандат целта е да го ограничиме она што се вели пр на политичките партии и владата во начинот на функционирање. Затоа што ни ја земаат работата, промовираат пропаганда. Тоа не ни треба“, истакнува Чадиковски.

А, за тоа да се случи е неопходно да се обезбеди финансиска независност на новинарите, обуки и тренинг за младите новинари, како и за новинарите од останатите категории кои имаат желба и потреба да го зголемат квалитетот, додава Чадиковски.

За Чадиковски на изборното Собрание гласаа 275 медиумски работници, за Марјан Николовски 119, а Филјана Кока доби 53 гласови.

XS
SM
MD
LG