Линкови за пристапност

Арифи во Вашингтон: Интеграцијата на Балканот не е завршена


Македонската вицепремиерка на дискусија на Универзитетот Џонс Хопкинс на тема „Трансатлантските дилеми на моќта“.

Новите трансатлантски односи треба да се базираат на три аспекти: обнова и повторно отворање на трансатлантскиот пазар; вклучување на земји однадвор, од економски интерес; и, зајакнување или ширење на мултилатерализмот. Ова е заклучокот на денешната панел-дискусија во Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон на тема – „Трансатланските дилеми на моќта“.

Гостинката и претставничка од Македомија, вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи за Гласот на Америка на изјави дека „целта на ваква конференција е дебата за заедничките активности на САД и ЕУ во рамки на операциите кои се однесуваат на мирот, слабилноста и заедничкото дејствување. ЕУ и САД споделуваат исти вредности и историски е докажано дека кога дејствувале заеднички, биле успешни“.

Арифи најави дека покрај конференцијата, за време на неколкудневната посета на Вашингтон ќе има средби во Стејт департментот, како со заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер во Стејт департментот, претставници на Националниот совет за безбедност, како и со лица од Кабинетот на потпретседателот Џо Бајден.

Во излагањето на конференцијата, Арифи оцени дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ не завршила. Императив на сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Македонија е да станат дел од европското семејство, рече вицепремиерката за евроинтеграции.

На конференција беше фрлен поглед наназад на односите меѓу САД и ЕУ. Учесниците заклучија дека економската и финансиска криза претставува поголем проблем за ЕУ, што ја разградува самата Унијата меѓу земјите-членки, создава неприродни коалиции и гнев меѓу жителите поради големата стапка невработеност, особено во Грција, Португалија и Шпанија.

Интеграцијата на ЕУ не е завршен процес, но кризата влијае врз сите членки да дадат согласност за ширење на европското семејство рече Гордон Бајнаи, поранешен премиер на Унгарија.

Фискалната сигурност ќе ја врати довербата кај инвеститорите од обете страни на Атлантикот, коментираа експертите по меѓународни економски – учесници на конференцијата. Според нив, Кина станува глобална сила и го презема приматот од САД и ЕУ, но ја критикуваа за вештачкото држење на вредноста на националната валута под реалното ниво.

Интеграцијата на пазарите на ЕУ и САД е излез од актуелната криза во која се наоѓаат двата трансатлантски партнери, беше општ заклучок на собирот во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG