Светот низ фотографии
26 април, 2024 година

1
Службениците на државната патрола на Џорџија приведоа демонстрант во кампусот на Универзитетот Емори за време на пропалестинските демонстрации во Атланта.

2
Кинеските астронаути за мисијата Шенжу-18, присуствуваат на церемонијата на испраќање за нивната вселенска мисија со екипаж во Центарот за лансирање на сателити Џиукван во северозападна Кина.

3
Селест Каеиро (90) држи црвени каранфили во Лисабон, дел од прославите на годишнината од Револуцијата на каранфилите.

4
Човек стои на куќа која е уништена од израелски воздушен напад, во селото Ханине, јужен Либан.