Светот низ фотографии
26 април, 2024 година

5
Насукани китови во близина на Дансборо во Западна Австралија се гледаат на оваа фотографија направена и објавена од Одделот за биолошка разновидност, зачувување и атракции. Морските биолози во обид да спасат повеќе од 100 китови, а официјалните лица стравуваат дека многумина ќе мора да бидат евтаназирани.

6
Поранешниот претседател Доналд Трамп потпишува автограми додека зборува со градежни работници на градилиштето на новото седиште на „JPMorgan Chase“ во центарот на Менхетен во Њујорк.

7
Еврејските верници се покриваат во своите молитвени шалови, додека се молат за време на еврејскиот празник Пасха, на Западниот ѕид, најсветото молитвено место на јудаизмот, проследено со посебна молитва за заложниците држени во Газа, за благосостојбата на израелските војници, еврејската нација и за исцелување на повредените, во Стариот град во Ерусалим.

8
Папата Франциско пристигнува на аудиенција со унгарските аџии во салата Павле VI, во Ватикан.