Линкови за пристапност

Апелационен суд на САД го ограничи пристапот до апчето за абортус мифепристон


Апелационен суд во САД со седиште во Њу Орлеанс денес одлучи да го ограничи пристапот до апчето за абортус мифепристон, наредувајќи забрана за телемедицински рецепти и пратки на лекот по пошта, иако наредбата нема веднаш да стапи на сила.

Достапноста на мифепристон засега останува непроменета, по итна наредба од Врховниот суд на САД во април со која се зачува статус квото за време на жалбата.

Пресудата произлегува од тужбата што ја покренаа четири групи против абортус, предводени од неодамна формираната Алијанса за хипократска медицина и четворица лекари против абортуси кои тужеа во ноември.

Тие тврдат дека Администрацијата за храна и лекови користела неправилен процес кога го одобрила мифепристон во 2000 година и не ја земала соодветно во предвид безбедноста на лекот кога се користи од малолетници.

Сите тројца судии во панелот се цврсто конзервативни, со историја на спротивставување на правата за абортус.

Речиси е сигурно дека одлуката ќе стигне и до Врховниот суд на САД, кој минатата година ја поништи неговата значајна пресуда „Роу против Вејд“ со која беше легализиран абортусот на национално ниво.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG