Линкови за пристапност

Пилулата за абортус останува достапна во САД


Пилула за абортус во САД
Пилула за абортус во САД

Лекот одобрен пред речиси четвртина век од Администрацијата за храна и лекови на САД – (ФДА), засега ќе остане на пазарот.

Врховниот суд ја отфрли пресудата на понискиот суд во Тексас за мифепристон, кој во комбинација со вториот лек, мизопростол, се користи за повеќе од половината абортуси во САД.

Пилулата за абортус останува достапна во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Беше поднесена тужба во која се тврди дека одобрението на ФДА за мифепристон било погрешно.

Ова следи по пресудата на Врховниот суд, кој е наклонет кон конзервативците, пред речиси една година со што се елиминира Уставното право на жената за абортус и се враќа прашањето назад да одлучуваат сојузните држави.

Некои законодавци неодамна побараа екстремна казна за оние кои ја бараат постапката.

„Во мојата сојузна држава Јужна Каролина имаше многу мала група државни законодавци кои поднесоа предлог-закон со кој би ги казниле жените кои абортираат, и да им се даде повеќе права на силувачите отколку на жените кои биле силувани. Тоа е погрешна порака, ќе изгубиме многу ако продолжиме кон овој пат на екстремизам...“, вели Нејси Мејс, републиканка од Јужна Каролина

Со одлуката на Врховниот суд, сојузните државни почнаа да работат на ова прашање.

Во Флорида, преку ноќ и по гласањето во државната куќа, републиканскиот гувернер Рон Де Сантис потпиша предлог-закон за забрана на абортуси по шест недели.

Во меѓувреме, демократскиот гувернерот на Мичиген, Гретчен Витмер, ја укина забраната за абортус од 1931 година, зацврстувајќи ги правата на абортусот во Уставот на оваа сојузна држава.

Според неодамнешната анкета на Галуп, пресудата на понискиот суд на сојузната држава Тексас доаѓа во време кога паѓаат одобрувањата во американското правосудство.

„Мислам дека одлуката на судијата во Тексас беше некоректна. Верувањето дека би земале лек кој безбедно се користи повеќе од две децении и потоа некако да не биде достапнен. Искрено мислам дека ова е прашање за женската здравствена заштита и треба за тоа да одлучат жените. Искрено, не се работи само за изборот на женската здравствена заштита, туку го поткопува интегритетот на нашиот процес на Администрацијата за храна и лекови на САД“, вели демократот Марк Варнер.

Правата за абортус повторно станаа главна тема за гласачите пред изборите во 2024 година.

Претседателот Џо Бајден, кој ја поздрави одлуката на Врховниот суд рече дека дополнително ќе се заложи правата за абортус да се регулираат со закон.

XS
SM
MD
LG