Линкови за пристапност

„Тајм“: Ангела Меркел е личност на годината


„Таа е пример за лидер со морал“, велат од списанието

Списанието „Тајм“ почесната титула „Личност на годината“ за 2015-та, ѝ ја додели на германската канцеларка Ангела Меркел.

Помошниот главен уредник на „Тајм“, Радика Џонс, ја опишува Меркел како кормилар на Европа низ серијата должнички кризи. Таа ги издвои преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за Украина. „Но годинава, она што беше најважно за нас, Меркел беше предводник на европската политика во однос на бегалската криза во Сирија и други нестабилни делови од светот“. Сето тоа придонело германската политичарка да стане пример за лидер со морал. „Токму тоа сакавме да го истакнеме“, велат од „Тајм“.

Меркел е четврти германски канцелар, именуван за „Личност на годината“ на ова списание.

XS
SM
MD
LG