Линкови за пристапност

Американскиот дипломат Хенри Кисинџер почина на 100 години


Кисинџер беше активен и откако наполни 100 години, присуствуваше на состаноци во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство, а во јули 2023 година тој беше во посета на Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг
Кисинџер беше активен и откако наполни 100 години, присуствуваше на состаноци во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство, а во јули 2023 година тој беше во посета на Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг

Почина поранешниот дипломат и претседателски советник Хенри Кисинџер, чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во надворешната политика на САД.

Кисинџер починал во својот дом во Конектикат, соопшти Кисинџер Асошиејтс.

Кисинџер беше активен и откако наполни 100 години, присуствуваше на состаноци во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана што ја претставува Северна Кореја.

Во јули 2023 година тој беше во посета на Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Во 1970-тите тој служеше како државен секретар под републиканскиот претседател Ричард Никсон.

Напорите на еврејскиот бегалец со германско потекло доведоа до дипломатско отворање на Кина, значајни американско-советски разговори за контрола на оружјето, проширени врски меѓу Израел и неговите арапски соседи и Париски мировен договор со Северен Виетнам.

Владеењето на Кисинџер како главен архитект на надворешната политика на САД ослабна со оставката на Никсон во 1974 година.

Сепак, тој продолжи да биде дипломатска сила под претседателот Џералд Форд и да нуди силни мислења во текот на остатокот од својот живот.

XS
SM
MD
LG