Линкови за пристапност

 
Американски носач на авиони се закотви во Јужна Кореја во знак на демонстрација на сила против Северна Кореја

Американски носач на авиони се закотви во Јужна Кореја во знак на демонстрација на сила против Северна Кореја


Карл Винсон, американски носач на авиони на нуклеарен погон, пристигнува во јужнокорејската поморска база за време на посетата на пристаништето во југоисточниот пристанишен град Бусан на 2 март 2025 година.
Карл Винсон, американски носач на авиони на нуклеарен погон, пристигнува во јужнокорејската поморска база за време на посетата на пристаништето во југоисточниот пристанишен град Бусан на 2 март 2025 година.

СЕУЛ – Американскиот носач на авиони Карл Винсон вчера пристигна и се закотви во пристанишниот град Бусан во Јужна Кореја како демонстрација на сила против Северна Кореја, соопшти јужнокорејската морнарица.

Тоа е првиот американски носач на авиони што се закотви на пристаниште во Јужна Кореја од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп во јануари.

Посетата беше дел од „железната“ заложба на САД за проширено одвраќање и да покажат подготвеност од страна на воениот сојуз меѓу Сеул и Вашингтон против Северна Кореја, според морнарицата на Јужна Кореја.

На бродот со нуклеарен погон, кој припаѓа на „Carrier Strike Group One“, му се придружија уште два други – „Принстон“ и „Стерет“, се вели во соопштението.

„Јасно е дека нашето присуство овде во Бусан ја покажува силната алијанса меѓу Република Кореја и САД и нашата можност да тренираме и да оперираме заедно со нашите сојузници“, рече денеска американскиот контраадмирал Мајкл С. Восје, командант на првата носечка ударна група.

„Секоја можност што ја имаме да пловимеи летаме заедно, не прави посилни заедно“, додаде Восје во коментарите за медиумите. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше пробното лансирање на стратешки крстосувачки ракети минатиот месец и нареди целосна подготвеност да ја искористи својата способност за нуклеарен напад, јавуваат државните медиуми. Ова е првпат американски носач на авиони да се јави во земјата од јуни, носачот на авиони на нуклеарен погон Теодор Рузвелт пристигна во Бусан за да учествува во заеднички воени вежби.

Американскиот носач на авиони Карл Винсон последно го посети Бусан во ноември 2023 година.

Пјонгјанг вообичаено го критикуваше распоредувањето на таквите воени средства на САД во Јужна Кореја. Трамп за време на неговиот прв мандат одржа самити со севернокорејскиот лидер Ким, и го промовираше нивниот личен однос.

Американскиот претседател рече дека повторно ќе се обрати до Ким, иако државните медиуми на Северна Кореја не го коментираа овој предлог и продолжија да го осудуваат, како што смета, сериозната безбедносна закана што ја претставуваат Вашингтон и неговите сојузници.

XS
SM
MD
LG