Линкови за пристапност

Американски филантроп гради домови за раселените Украинци


Американски филантроп гради домови за раселените Украинци
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Од пролетта 2022 година, Дел Лој Хансен потрошил над 70 милиони долари за изградба на домови за внатрешно раселените Украинци. Американскиот филантроп вели дека бил во Украина четири пати. Известува Ана Костутченко.

Осумгодишната Полина свири на пијано во својата соба. Но, пред само два месеци, таа и нејзиното семејство се соочија со бездомништво откако беа раселени од окупираниот од Русија дел од регионот Керсон.

„Таму ние имавме 3 мачки и куче, имав своја соба со многу играчки…”, вели Полина.

Семејството Протас побегна од руската окупација во април 2022 година, а потоа поплавите предизвикани од уништувањето на браната Каховка во јуни 2023 година го уништија нивниот дом.

Немајќи каде да оди, нејзината мајка Марина Протас дозна за иницијативата за домување за внатрешно раселените Украинци финансирана од американскиот магнат за недвижности и филантроп Дел Лој Хансен.

„Кога видов како започнува војната во Украина, сфатив дека гледам уште еден геноцид. Не можев да го гледам тоа повеќе. И реков на жена ми: „Морам да одам во Украина!“ Таа ми рече: „Зошто?“ - И реков: ‘Треба да помогнам’”, објаснува Хансен.

Она што Хансен го виде таму го поттикна да започне со изградба на проектот село „Хансен“ за внатрешно раселените лица. Од 2022 година тој инвестирал над 70 милиони долари за изградба на социјални станови за украинските внатрешно раселени лица. Изградбата започна во есента 2023 година во селото Тарасивка во регионот на Киев, а сега тука живеат над 250 семејства. Хансен ги посети во мај.

„Решив да градам села. Јас сум градител - знам да градам!”, вели Хансен.

За време на посетата на Хансен во мај, уште 24 внатрешно раселени семејства добија клучеви од своите нови домови.

Кримската Татарка Земфира побегна од моментално окупираниот Хеническ во регионот Керсон заедно со нејзиниот инвалидизиран сопруг и свекрва Розали во октомври 2023 година. Нејзиниот син им се придружил подоцна во домот во селото Хансен.

„Многу сум среќна! Знаевме дека конечно мора да ни се случи нешто добро! Сите луѓе кои го организираа ова се мудри и љубезни!”, вели Розали Алидинова, внатрешно раселено лице во Украина.

Хансен има план да изгради училиште за 700 ученици и градинка во која би можеле да се сместат 70 деца, како и библиотека.

„Сакам да изградам домови за 10.000 Украинци. Тоа што го барам е радоста, а не парите. Можете да видите кога доаѓам кај луѓето, чувствувам радост. Кога имам пари, не чувствувам радост, но помагајќи им на луѓето и градејќи села, најдов неверојатна количина на радост!”, додава Хансен.

Дел Хансен обновува и околу 250 станови во регионот на Киев за внатрешно раселените лица. Тој ги здружува силите со украинската државна програма Е-реновирање за да ги поправи домовите оштетени од руските сили во пролетта 2022 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG