Линкови за пристапност

Како живеат денеска првите Американци?


Како живеат денеска првите Американци?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Домородните Американци се соочуваат со висока стапка на самоубиства, епидемија на дијабетес, немање на пристап до инфраструктура, па дури и чиста вода. Но, охрабрува што на конресните избори за прв пат во историјата на САД се избрани и две Американски Индијанки

Сиромаштијата, високата стапка на самоубиства и недоволната здравствена заштита се само дел од проблемите со кои се соочуваат Американските Индијанци.

Најголем дел од нив живеат во резервати, немаат пристап до инфраструктура и економски можности, а некои немаат пристап ниту до чиста вода, вели Американската Индијанка Мери Филипс.

Во Навахо, најголемиот резерват во земјата, една третина немаат вода во домовите, немаат струја
Мери К. Филипс, домородна Американка

„Стапката на самоубиства кај младите на возраст од 15 до 25 години е двојно повисока од националниот просек и тоа е голем проблем во заедниците во резерватитие, бидејќи се изолирани и нема можност за скапи програми за млади. Во Навахо, најголемиот резерват во земјата, една третина немаат вода во домовите, немаат струја“,вели Мери К. Филипс, членка на Лагуна Пуебло племето од Ново Мексико и Омаха.

За разлика од повеќето домородни Американци, Филипс се образувала на Универзитетот Веслијан во Небраска. Но, не заборавила на своето племе, туку напишала книга со наслов “Оздравување и ментално здравје на доромородните Американци: Зборувајќи во црвено”.

“Здравствената грижа е приоритет. Индијанската нација има индијански здравстени услуги но тие не можат да се обезбедат и во оддалечените села. Потребно е да се обезбеди превентивна здравствена заштита на менталното здравје, но и поради епидемијата на дијабетес, срцеви болести и алкохолизам“, вели Филипс.

Таа во Гласот на Америка во Вашингтон говореше на настан организиран од Американската агенција за глобални медиуми.

Целта е да се подигне свеста за условите во кои живеат домородните Американци и да се анимираат начини да им се помогне.

“Ова е можност да научиме повеќе за американската домородна заедница, која е значаен дел од американската историја. Тие биле тука уште пред формирањето на САД и затоа ги нарекуваме први или домородни Американци“, вели Јеми Џамисен од Американската агенција за глобални медиуми.

Филипс вели дека е парадокс како денеска живеат првите Американци во најсилната економија во светот. Но, охрабрува што на конресните избори за прв пат во историјата на САД се избрани и две Американски Индијанки.

Ноември во САД е прогласен за национален месец на наследството на Американските Индијанци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG