Линкови за пристапност

СИДА-та може да биде искорената


„Кога ќе кажам дека имаме научна, базирана на докази, способност да се стави крај на пандемијата каква што ја знаеме, мислам дека имаме исклучително ефикасни лекови“, вели Фаучи

Обединетите нации известуваат за извонреден напредок за ХИВ - вирусот кој предизвикува СИДА. Во својот најнов извештај, објавен пред Светскиот ден за борба против болеста, од програмата на ОН за СИДА, велат дека пристапот до третман значително се зголемил. Во извештајот се додава дека 21 милион ХИВ-позитивни лица се на лекување. Тоа е повеќе од половина од сите лица кои живеат со ХИВ. Целта на ОН е да се стави крај на пандемијата до 2030-та година.

Д-р Ентони Фаучи работи на ставање крај на пандемијата за сида од 1980-тите, кога дијагнозата на ХИВ беше смртоносна. Сега, луѓето со ХИВ можат да очекуваат нормален животен век, ако земаат соодветна терапија. Фаучи е светски познат доктор кој раководи со Националниот институт за алергија и инфективни болести во американскиот Национален институт за здравство. Тој вели дека сега има алатки со кои може да стави крај на смртоносната болест.

„Кога ќе кажам дека имаме научна, базирана на докази, способност да се стави крај на пандемијата каква што ја знаеме, мислам дека имаме исклучително ефикасни лекови, кои се појавија изминативе неколку години. Не само што спасија животи на лица кои земале дрога, го доведоа и нивото на вирус на најниско ниво, што прави речиси невозможно заболеното лице да го пренесе вирусот на друг“, додава Фаучи.

Друг начин е „профилакса“ за пред-изложеност, или PrEP. Тоа е лек кој може да помогне да се намали ризикот од добивање на ХИВ, кога се зема секојдневно.

Но, не е се` така лесно. Луѓето кои се дрогираат се соочуваат со истите предизвици како и секој друг кој секојдневно зема лекови. Сите не ги земаат. Рецептите може да ги снема. Може да биде тешко да се издадат, а има 16 милиони луѓе заразени со ХИВ, коишто не примаат терапија. Многумина во оваа група не знаат дека се заразени, па продолжуваат да го шират вирусот. Некои од нив немаат пристап до здравствена заштита, па затоа и не се тестираат.

Програмата на ОН за борба против СИДА-та, известува дека околу 1,8 милиони лица се регистрирани како новоинфицирани со ХИВ во 2016-та година. Тоа е 39 отсто намалување од три милиони луѓе кои важеа за новоинфицирани кога се појави епидемијата во доцните 90-ти години.

Во субсахарска Африка, епицентарот на пандемијата на СИДА, новите ХИВ-инфекции опаднале за 48 отсто од 2000-та година, наваму. Но, во Источна Европа и Централна Азија, новите ХИВ инфекции се зголемени за 60 отсто од 2010-та година, а смртноста се зголемила за 27 проценти, се наведува во извештајот.

Затоа, дури и со средствата со коишто сега се располага, Фаучи не гледа крај на болеста, без ХИВ-вакцинација. Пред неколку години во Тајланд било направено клиничкото испитување за вакцината против СИДА и се покажала како ефикасна за 31 отсто. Фаучи за Гласот на Америка изјави дека не е сигурен дали научниците можат да развијат вакцина против болеста, која би била толку добра.

Уште едно испитување околу вакцинацијата имало и во Јужна Африка, но овие резултати нема да бидат достапни до почетокот на 2019-та година, и нема начин да се каже дали таа ќе биде доволно добра за да се предвиди искоренување на СИДА-та.

Во меѓувреме, тестирањето на повеќе луѓе, употребата на повеќе лекови, постојаната употреба на кондоми и ограничување на бројот на сексуални партнери, се начините на располагање, со цел, намалување на ширењето на СИДА-та. И Фаучи и ОН велат дека завршницата ќе зависи од глобалната заедница, и колку пари се подготвени да се вложат за оваа цел.

Наредниот Светски ден за борба против СИДА на 1-ви декември ќе биде 30-ти по ред.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG