Зборувајќи во вторник пред Комисијата за односи со странство на Претставничкиот дом, Раџив Шах кажа дека буџетскиот предлог за 2013 на УСАИД, што е малку намален во однос на минатата година, ќе намали или скрати 165 програми во светот:
„Елиминиравме здравствени програми во Перу и Мексико, и ги намаливме земјоделските програми во Косово, Србија и Украина – се` со цел да да се рефокусираат нашите напори на места каде можеме да генерираме најголеми резултати“.
Шах кажа дека идните инвестиции за помош на странски држави ќе имаат поголеми приоритети и ќе бидат поконцентрирани, но вети дека американската помош сепак ќе биде во можност да одговори на глобалните развојни предизвици.
Администрацијата на Обама побара 51,6 милијарди буџет за Стејт Департментот и УСАИД за фискалната година 2013. Се очекува предлогот да наиде на голема опозиција од страна на законодавците.