Линкови за пристапност

Агрономи предупредуваат: Пожарите ќе предизвикаат суша и недостаток од вода за пиење


Според еколози и агрономи, поради изгорените шуми ќе се зголемат сушите и опасностите од нови пожари. Фото: Пожари во Малешевијата.
Според еколози и агрономи, поради изгорените шуми ќе се зголемат сушите и опасностите од нови пожари. Фото: Пожари во Малешевијата.

Горењето на шумите ќе доведе до уште повеќе пожари, велат стручните лица. Системот за управување со кризи и системот за гаснење на пожари треба да се прилагодат на суровата реалност и постоечките слабости итно да се отстранат,вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК. 

Илјадниците хектари уништена и изгорена шума, како резултат на катастрофалните пожари, ќе имаат далекусежни последици за државата предупредуваат екоологистите. Лазо Наумоски, агроном- инжинер вели дека тоа ќе доведе до недостаток на вода за наводнување, зголемување на температурите, а пожарите ќе бидат се почести, бидејки вели улогата на шумата е огромна.

Горењето на шумите ќе доведе до суши и уште повеќе пожари
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

„Еден хектар шума бука и даб испушта 15 тони кислород, а иглосина шума и до 35 тони. Тоа е нешто што ќе го изгубиме. Шумата е изолатор и служи да не испарува влагата. Сега и оној дожд кој ќе паѓа во текот на годината во источна Македонија, брзо ќе понира надолу и ќе се губи. Ќе се соочат со недостаток на вода за пиење и за наводнување“, вели Наумоски.

Дожд кој ќе паѓа брзо ќе понира надолу, ќе се губи и ќе предизвика недостаток од вода за пиење и за наводнување
Лазо Наумоски, агроном

Наумоски смета дека пожарите се резултатат пред се на несовесниот однос на граѓаните кон природата. Вели дека за обновување на шумите ќе бидат потребни и повеќе од 30 години.

„Ова е последица и на покачувањето на температурата“, додава агрономот.

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи за Глас на Америка вели дека системот за управување со кризи и системот за гаснење на пожари треба да се прилагодат на суровата реалност со цел постоечките слабости итно да бидат отстратени.

„За почеток потребно е формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки институции Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, во која би имало еден издвоен сегмент, а тоа е специјална единица за заштита и спасување. Оваа единица ќе биде мултифункционална и би ја користеле и за гаснење на пожари“, вели Ангелов.

Пожари во близина на Пехчево, 31 јули, 2024
Пожари во близина на Пехчево, 31 јули, 2024

Потребна е смета тој централизирана команда при гаснење на пожари на отворено.

Потребно е формирање нова институција која ќе ги обедини функциите на ЦУК и ДЗС
Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК

„Ние во овој момент имаме поголем број на вработени по околу 300 во ЦУК и ДЗСК, вкупно 600, но на терен имаме многу малку луѓе кои ефективно би можеле да се вклучат во гаснењето на пожарите или во надминување на другите опасности“, посочува Ангелов.

Не станува збор за нова ситуација, бидејки проблемите со пожарите се присутни изминатите 15 години, а досега не се преземени никакви соодветни мерки за да се спречат вакви појави, вели Глигорие Ќатоски граѓански активист.

„Овде се работи за кратковидост на нашата политичка елита. Потребен е цел еден нов систем за превенција од пожари, потребно е вложување средства во опремување на пожарникарските служби со нови возила и технологии, воведување набљудување со дрон. Соодветни одредби со кои ќе се казнат построго сторителите на ваквите акти“, смета Ќатоски.

Агрономот Наумоски, пак, решението на проблемот го гледа во гасификација на државата и прогласување на шумите за заштитени, како и поголема контрола на движењето низ нив. Според опзициската СДСМ, досега изгореле пет отсто од територијата на државата.

XS
SM
MD
LG