Линкови за пристапност

Не смее да се ограничува хуманитарната помош во Авганистан, предупредија ОН


САД и над 60 други држави ги повикаа сите страни во Авганистан да го почитуваат и помогнат организираното заминување на Авганистанците и странските државјани кои сакаат да ја напуштат државата

Обединетите нации (ОН) го повикаа Талибан да одржи апсoлутна контрола со цел да заштити животи, и рекоа дека сите хуманитарни организации мора да имаат дозвола да обезбедуваат помош неограничено.

САД и над 60 други држави ги повикаа сите страни во Авганистан да го почитуваат и помогнат организираното заминување на Авганистанците и странските државјани кои сакаат да ја напуштат државата.

„Оние што се на власт низ Авганистан имаат одговорност да ги заштитат човечкиот живот и имот, и за итна обнова на безбедноста и јавниот поредок. На Авганистанците и странците кои сакаат да заминат тоа мора да им биде дозволено. Патиштата, аеродромите и границите мора да останат отворени, и мора да се одржи мирот“, се вели во заедничката изјавa на државите.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, заедно со неговиот потпретседател и високи официјални лица, вчера избегаа од Авганистан.

Гани потоа изјави на Фејсбук дека ја напуштил државата за да се спречи крвопролевање. Тој слета во Таџикистан, од каде кусо потоа заминал во непозната дестинација, објави Радио Слободна Европа.

Брзината на офанзивата на Талибан ги шокираше локалната и меѓународната заедница. Додека насилството во држвата е големо уште од 2020 година, откако Талибан потпиша договор со САД, последната кампања против авганистанските градови се смета за неочекувано брза.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG