Линкови за пристапност

Американската војска во Авганистан повика Талибан итно да ги стопира нападите во Хелманд


Официјални лица на Авганистан изјавија дека безбдносните сили имале жестоки борби со бунтовниците на Талибан, со цел да ги спречат да го заземат главниот град на провинцијата Хелманд.

Американската војска потврди дека спровела неколку целни напади во Хелманд, за да ги одбрани авганистанските безбедносни сили од Талибан, повикувајќи ги бунтовниците итно да ги стопираат нападите.

Се верува дека борбите за контрола на Лашкаргах оставиле десетици војници мртви на двете страни, како и цивили заглавени во нападите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG