Линкови за пристапност

Адвокатката Сидни Пауел се изјасни за невина за случајот во Џорџија


Адвокатката Сидни Пауел, една од 18-те обвинети на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за субверзија на изборите во Џорџија 2020 година, се изјасни за невина, покажа судското поднесување денес.

Поранешниот претседател треба да биде изведен пред суд на 6 септември, додека обвинителите на округот Фултон очекуваат почеток на судењето во октомври.

Округот Фултон го обвини Трамп за 13 кривични дела, вклучително и за притисок врз државните функционери да ја поништат неговата загуба на изборите во 2020 година и формирање нелегитимна листа на избирачи за да ја поткопа формалната конгресна потврда за победата на демократскиот претседател Џо Бајден.

Последните обвиненија се четврти по ред на Трамп откако ја започна кампањата за реизбор за претседател.

Трамп негира какви било неправилности.

XS
SM
MD
LG