Линкови за пристапност

Американските граѓани во Франција мораат да плаќаат даноци и во САД


Двојното државјанство проблем за околу 300.000 граѓани во Европа

Банкарски проблеми, бирократски грижи, закани за даночни ревизии и тужби се проблемите со кои се среќаваат илјадници Французи, бидејќи американските закони бараат да плаќаат даноци, иако не живеат во САД.

Тие се американски граѓани, кои биле родени во САД, но, ја напуштиле државата како деца.

Даночниот систем во САД бара банките кои сакаат да работат во државата да пријавуваат средства на американски граѓани во странство.

Франција се приклучи кон овој систем во 2013 година, создавајќи проблеми за многу Американци кои имаат двојно државјанство.

Европската банкарска федерација пресметува дека има околу 300.000 вакви случи во Европа.

Се работи за луѓе кои имаат двојно државјанство и кои биле родени во САД, но, ја напуштиле државата неколку недели откако биле родени и никогаш не живееле и работеле во САД.

Сепак, Американската даночна агенција вели дека тие мора да го пријават нивниот приход и да платат данок за него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG