Линкови за пристапност

Буш до Европејците:  нашето пријателство е важно за мирот во целиот свет  - 2005-02-21


Претседателот Буш вели дека е време САД и Европа да ги остават несогласувањата и да започнат ново доба на трансатлантско заедништво.

Тоа беше темата на говорот одржан во луксузниот Концерт Нобл. Белата куќа говорот го означи како обраќање до Европјаните. Претседателот Буш на жителите на Стариот континент им порача - Нашето цврсто пријателство е есенцијално за мирот и просперитетот ширум земјината топка, и ниту една привремена дебата, ниту едно минливо несогласување на владите, ниту пак некоја сила на светот некогаш ќе не` раздели.

Америка, додаде тој, е подготвена да соработува со силна Европа со цел да се исполнат големите задачи пред нив, започнувајќи со мирот на Блискиот Исток.

„По неколку неуспешни почетоци и разбиени надежи, сега е на повидок решението на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците“.

Мирот во регионот, кажа американскиот претседател е многу повеќе од решавање на овој конфликт. Тој ја повика Сирија да ги повлече силите од Либан, а Иран да се откаже од нукеарните амбиции, и апелираше Европејците да го поддржат процесот кон демократија во Ирак.

„Сите земји имаат интерес во успехот на слободен и демократски Ирак што ќе се бори против тероризмот, ќе биде светилник на слободата и извор на стабилност во регионот“.

Претседателот Буш реши да не се задржува премногу на искричењето што пред речиси две години го предизвика неговата одлука за воена интервенција во Ирак. Наместо тоа тој ја повика Европа да погледне напред во иднината и да го поддржи Ирак, нарекувајќи ја земјата - најновата демократија во светот.

XS
SM
MD
LG