Линкови за пристапност

Сопствен дом - дел од американскиот сон - 2005-02-16


Процентот на сопственици на домови е двојно поголем во споредба со оној во развиените земји во Европа. Во 2004-та, 69 проценти од Американците купија сопствени домови.

Џоел Коткин, експерт по демографски прашања и економистот Сузан Тримбат го поставија прашањето дали таканареченото општество на сопственици на домови е прорепубликанско или продемократско. Г-ѓа Тримбат и нејзините колеги при истражувањето ги споредувале статистичките податоци за бројот на сопственици и нивната партиска наклонетост.

Она што откривме е дека без оглед на тоа кое ниво го пручувавме, сопствениците на домови биле со тенденција да гласаат во корист на Републиканците.

Коткин и Тримбат го забележале овој тренд во неколку федерални држави, градови и региони ширум земјата и резултатите од истражувањата ги објавија во мартовското издание на публикацијата „Американ Ентерпрајз“.

Аналитичарите велат дека постои преселба на полулацијата од градовите на север и исток, во урбаните предградија на југ и запад и тоа околу Орландо, Флорида, потоа Атланта, Далас, Хјустон и Лас Вегас. Овие градови, заедно со многуте во јужниот, западниот и централниот дел на САД се некои кои гласале за републикански кандидат.

Коткин и Тримбат забележале и преселба на населението од густо населените градови како Сан Франциско, во помали населби. Како пример е наведено семејство кое од Сан Франциско се преселило во Фресно, Калифорнија, каде започнало свој бизнис и нов живот во нов дом со поволна цена за исплата.

Демократите, вели Џоел Коткин се слепи за овие случувања. Според него, многумина се противат на отселувањата од урбаните средини и се фокусираат на нивно заживување. Демократите, вели Коткин, всушност ги добиваат гласовите на градовите како Сан Франциско, додека ги губат местата како Фресно.

Според Сузан Тримбат соседствата со висок процент на сопственици на домови имаат тенденција да бидат постабилни, а жителите ангажирани во граѓански активности. Има поголеми изгледи сопствениците на домови да бидат вклучени во програми чија цел е намалување на криминалот, на пример. Овие граѓани најчесто ги поддржуваат прашањата за кои се залага Републиканската партија.

Џоел Коткин гледа и уште еден потенцијален проблем за Демократите. И малцинствата во САД, што ќе можат да си дозволат, се селат во предградијата. Во Лос Анѓелес жителите со афро и латино американско потекло се селат во области со пониски цени на домовите. Аналитичарите се сомневаат дека традиционалната поддршка на либералната политика на Демократите од страна на малцинствата, почнува да слабее во самиот процес на купување на нови домови со предградијата.

XS
SM
MD
LG