Линкови за пристапност

„Не сме среќни заради одлуката на САД унилатирално да ја признаат Македонија под уставното име“ вели висок грчки претставник  - 2005-01-19


Амбасадорот Маљас е дипломат од кариера. Тој не е политички назначено лице во Вашингтон и во Вилсон Центарот беше во својство на директор на Проектот за Југоисточна Европа, новоформирана институција настаната со здружување на Источните и Западните Европски студии. Негова експертиза е Балканот. Тој бил првиот грчки амбасадор во Скопје, а служел и во Тирана и во Софија. Свежо вратен од регионот тој кажа: „Не сум овде да правам историја, Балканот произвел премногу од неа, туку да изнесам перспектива и некои заклучоци од моите неоадамнешни патувања“.

Во контекст на неговото излагање за тоа како Балканот да се направи побезбеден, тој рече дека подобрувањето на економијата е главен приоритет. Во привлекувањето на странски инвестиции тој гледа развој преку намалување на невработеноста, но за да се случи тоа, потребно е сериозно застанување на пат на корупцијата. Балканот е мошне изменет во однос на пред десет години, вели тоај. Сега таму има атмосфера за соработка, интерес за асоцирање со евро-атлантски институции и желба за определба. Го запрашавме како во тие рамки гледа на прашањето со името на Македонија за што преговорите меѓу двете земји продолжуваат. Ова предизвика излив на фрустрацијата на грчката страна заради признавањето на Македонија под уставното име од страна на САД. Амбасадорот Маљас рече: „Тоа е билатерално прашање, но и прашање што мора да се реши согласно условите од последната резолуција на Советот за безбедност на ОН. Го знаеме резонот зад американската одлука, тоа ни е објаснето, но не може да го прифатиме. Ќе беше подобро да се избегнеше овој унилатерален потег на САД без консултации со ЕУ. Не сме среќни поради тоа и очекувам во наредниве денови да видам поддршка од американската страна за грчката страна.“

Амбасадорот Маљас деновиве ќе има многу средби во Вашингтон, и како што вели, голем дел од неговата агенда ќе биде токму оваа тема.

Што се однесува до неговиот став за конечниот статус на Косово со оглед на приближување на времето на ревизија на американската политика за стандарди пред статус, кон средината на годинава, амбасадорот кажа дека апсолутно се согласува со вчерашното излагање на Кондолиза Рајс во Конгресот, дека европската архитектура нема да е комплетна доколку не се реши проблемот на Косово. Но, каков и да е тој статус, заклучи тој дипломатски, Косово ќе остане каде што е и Србите и Албанците мора да научат да живеат заедно.

XS
SM
MD
LG