Линкови за пристапност

Европа мора да понуди решенија за Косово - 2005-01-18


Во ЕУ нема никаков официјален предлог за решавање на косовското прашање. Покраината повеќе не е приоритет на Обединетите Нации, а се наоѓа на европско тло. Оттука за Бусек е сосема логично да ја Европа преземе раководната улога за Косово. “Југоисточна Европа е дел од Европа и таа мора да ја преземе одговорноста за тој регион бидејќчи основна европска идеја е креиразе на зона на мир“, оценува Бусек. Според него, постојат повеќе варијанти за решавазе на косовското прашање. Од самостојноста која ја бараат Албанците, преку барањето на Белград покраината да остане интегрален дел на Србија, до условна самостојност. Зборувајќи за европската иднина на земјите од Балканот Ерхард Бусек рече дека следната земја која е блиску до ЕУ, по Хрватска, е Македонија. Но, таа мора да го спроведе Охридскиот договор, да ги реши отворените економски прашања и да ја подобри својата лоша економска состојба.

XS
SM
MD
LG