Линкови за пристапност

Колин Пауел ги отфрли обвинувањата на Русија дека Запад се обидува да наметне влијание во Украина  - 2004-12-07


ОБСЕ беше создадена за време на Студената војна да го следи почитувањето на човековите права и да ги охрабрува Европјаните проблемите да ги решаваат мирно. Но осудата на вториот круг на претседателските избори во Украина од страна на набљудувачите од оваа организација предизвика силна реакција од Москва.

Прорускиот кандидат Виктор Јанукович првично беше прогласен за победник во конкуренција со западно ориентираниот Виктор Јушченко. По неколку дена улични протести, украинскиот Врховен суд ја поништи одлуката и наложи повторување на гласањето на 26 декември.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини ОБСЕ за применување двоен аршин за набљудување на изборите во поранешните советски републики и во западните членки.

Тој сугерираше дека извештајот на ОБСЕ што се однесува на украинските избори бил политичка манипулација.

Ден пред тоа, рускиот претседател Владимир Путин го обвини Запад за употреба на промоцијата на демократијата за мешање во руската влијателна сфера.

Секретарот Пауел ги отфрли руските обвинувања велејќи дека украинските избори не биле за влијателни сфери туку за овозможување на државата да избере каква влада сака. Тој реагираше и на тврдењето за двоен стандард велејќи дека организацијата работела во согласност на својот мандат за поддршка на демократијата и владеењето на правото.

„Сите ние го поддржуваме демократскиот процес што е во тек и очекуваме резултат што ќе биде израз на желбата на украинскиот народ“.

Господинот Пауел рече дека езагрижен за ограничувањата на слободата на руските медиуми како за погазувањето на принципот на владеење на правото кога Москва не го одржала ветувањето за повлекување на своите трупи од Молдавија и ова не се согласила со Грузија за должината на руското присуство во земјата.

Господинот Пауел кажа дека САД нема да го ратификуваат договорот од 1999 за намалување на трупите во Европа додека Русија не ги повлече своите војници од поранешните советски републики.

Несогласувањето меѓу Москва и Запад оневозможи ОБСЕ на крајот на состанокот да излезе со соопштение за заеднички став постигнат со консензус.

XS
SM
MD
LG