Линкови за пристапност

Нема планови за нови американски бази во Источна Европа - 2004-06-24


Потсекретарот за политика во Одделот за одбрана Даглас Фејт пред конгресмените кажа дека Пентагон сака поблиска соработка со новите сојузници на НАТО во Источна Европа.

Но во сведочењето пред конгресната комисија, г-динот Фејт рече дека нема планови за отворање нови американски бази во ниту една источноевропска земја, во рамките на планираното разместување на силите од страна на Пентагон.

Тој кажа дека тоа предизвикало разочарување кај источноевропските претставници за време на неодамнешните консултации.

“Всушност, тие беа разочарани кога им кажавме дека дека не планираме изградба на никакви бази во Источна Европа. Тие ќе беа почестени да можат да им бидат домаќини на Американците, но ние за тоа не размислуваме“, изјави господинот Фејт.

Г-динот Фејт вели дека Пентагон бара начини за обезбедување поблиска соработка меѓу американските сили и источноевропските сојузнички сили. Тој додава дека Пентагон исто така сака, како што рече, „да ја искористи нивната поставеност за наши оперативни потреби“.

Иако даде малку детали за американските планови, г-динот Фејт сугерираше дека претставници на одбраната сакаат да обезбедат пристап до постоечките воени капацитети во Источна Европа, било за вежби или за операции.

Постојат шпекулации дека е можно американските трупи кои сега се наоѓаат во базата во Германија да бидат преместени во други земји, како што се Бугарија, Полска и Романија.

Г-динот Фејт ги потврдува плановите за намалување на бројот на американските трупи во Германија и Кореја во иднина. Тој вели дека некои од овие трупи ќе бидат преместени во САД и нема да бидат прераспоредени на локации во странство. Сепак, тој истакнува дека Пентагон и натаму има интерес за задржување на некои сили во странство.

XS
SM
MD
LG