Линкови за пристапност

ОБСЕ: нови мерки за безбедност во авиосообраќајот - 2004-06-23


Замeникот секретар на Одделот за домашна безбедност, Џејмс Лој, пред околу 350 политичари и воени експерти кажа дека меѓународниот тероризам станал нова тоталитарна закана.

Тој кажа дека непријателот нема знаме, нема дефинирани граници и може да се бори со армија од дваесетина лица.

Адмиралот Лој на новинарите им изјави дека ОБСЕ, чија членка се и САД, усвојуваат неколку мерки за побезбедни аеродроми.

“Една од нив, на пример е, 55 држави да се посветат 24 часа на ден, 7 дена во неделата, на мрежа за контакти за прашања за безбедноста на воздухопловството, како што се околностите во време на изминатите празници кога бевме загрижени за некои летови што можеле да бидат цел на напад. Оваа мрежа ќе биде комплетирана кога ќе вклучиме различни земји кои може, но не мора да бидат дел од размената на разузнавачки информации во тој момент“, изјави тој.

Адмиралот Лој вели дека ОБСЕ исто така соработува со меѓународната полициска органзација, Интерпол, на базата на податоци за пасоши за да се следат изгубените или украдени пасоши. Тој кажа дека тоа ќе помогне за создавање на, како што ги нарече, умни и побезбедни граници.

Тој рече дека овие мерки не би требало да го попречуваат слободниот протек на производи или на слободното движење на луѓето.

Ова беше втора годишна конференција на ОБСЕ за разгледување на безбедноста, на која се расправаше за борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG