Тоа ќе биде 30-та средба откако во 1975-та започнаа ваквите економски состаноци. На самитот ќе учествуваат лидерите на САД, Канада, Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Русија. Иако Италија и Канада не учествувааа на првиот самит, тие подоцна сепак и́ се придружија на Групата. Русија е најновата членка на она што сега наместо Група 7, се нарекува Група 8.
Роберт Фовер, кој беше планер на самитите од американска страна во времето на поранешниот претседател Клинтон, вели дека формата не се менува многу додека организацијата на состаноците оди од една на друга земја-членка. Но, тој вели дека претстојната средба веројатно во суштина ќе се разликува.
„Мислам дека има шанси суштински дел од годинешниот самит да биде фокусиран на не-економски прашања, што порано не беше случај“, вели господинот Фовер.
Роберт Киртон, професор на Универзитетот во Торонто, кој раководи со Истражувачкиот центар Г-8, вели дека Американците определиле четири главни теми за самитот во Џорџија.
„Нормално, поголема иницијатива за Блискиот Исток; иницијатива за безбедност на транспортот во војната против тероризмот, наречена безбедна и олеснувачка транспортна иницијатива; натамошна работа на неширењето на нуклеарно оружје, и, на крај, развој на приватниот сектор, особено во Африка“, смета Киртон.
Претседателот Буш сака на состанокот да биде покажана иницијативата под американско ракободство за промоција на демократијата на Блискиот Исток и во исламскиот свет. Тој покани неколку лидери од тој регион, од Јордан, Алжир, Бахраин и Авганистан, да учествуваат на самитот. Други, пак, како египетскиот претседател, замолија да не бидат поканети.
Канаѓанецот Џон Киртон од Истражувачкиот центар Г-8 вели дека господинот Буш ја користи приликата да стави акцент на Блискиот Исток во време кога американската политика што за овој регион не е популарна меѓу неколку држави – учеснички на самитот.
„Претседателот ќе настапи со поголем пакет за мир меѓу Арапите и Израелците, и, згора на се, за демократизација на овие арапски и муслимански земји на Блискиот Исток и пошироко. Тој навистина ќе стави се на една карта“, изјави господинот Киртон.
Роберт Фовер смета дека процесот на самитот треба да биде поорганизиран. Тој вели дека последните средби често станувале проблематични заради долги декларации за цели што брзо паѓаче во заборав. Некои лидери, вели тој, мислат дела би било подобро да се среќаваат секоја втора година.
„Мислам дека последниве пет или шест години беа изнесени некои размислувања дали вреди овој процес да продолжи еднаш годишно. Проблемот е што ниту еден домаќин не сака да се откаже од шансата да биде домаќин на настанот“, вели Фовер.
Следната година самитот ќе се одржи во Британија. Русија, пак, како најнова членка, за прв пат домаќин на самитот Г-8 во 2006 година.