Линкови за пристапност

Атина ќе биде подготвена за Олимписките игри  - 2004-05-12


По неколку месеци до одлагања во изградбата и стравувања дека главниот град на Грција нема да биде подготвен да биде домаќин на игрите, главниот инспектор на Олимпискиот Комитет, Денис Освалд даде зелено светло за Атина со денешната изјава за новинарите дека веќе не се сомнева оти градот ќе биде подготвен.

“Порано се сомневавме за некои од објектите, за некои структури, за дел од изграбата, но со задоволство ќе соопштам дека сите овие сомневања исчезнаа. Ниту еден проект не е во ризик и знаеме дека се ќе биде завршено на време“, вели господинот Освалд.

Новиот знак за убеденост на господинот Освалд претставува големо олеснување за грчкиот организационен комитет, Меѓународниот олимписки комитет со месеци врши притисок врз грчките организатори да ги забрзаат подготовките за игрите.

Првиот човек на Грчкиот организационен комитет, Јана Ангелопулос – Даскалаки, кажа дека Грција потрошила напразно три годоини откако ги добила олимписките игри. Тоа главно се должело на политичката борба за добивање на договорите за изградба. Но таа вели дека Грција го надоместила изгубеното време.

“Ние за четири години го изградивме она за што се потребни седум години. Тоа е факт и тоа треба да докаже што се ние Грците можеме да направиме кога сме фокусирани и професионални“, тврди госпоѓа Ангелопулос.

Посетата на инспекторите на Меѓународниот олимписки комитет на Атина се совпадна со поставувањето на огромниот покрив од стакло и челик на Олимпискиот стадион, што беше една од најголемите грижи.

Но половината од објектите не се довршени. Се уште се градат и главните инфраструктурни проекти како нови патишта и железнички пруги. Градежните екипи сега работат нон-стоп.

Исто така има и проблем со безбедноста. Иако Грците потрошија речиси милијарда долари за заштита на спортистите и посетителите, минатата недела во близина на една полициска станица во Атина експлодираа три мали бомби, но немаше жртви. Владата за нападот ги обвини локалните радикали, а Меѓународниот Олимписки Комитет ја отфрли можноста дека инцидентот е поврзан со Олимпијадата. Но овие напади предизвикаа загриженост кај некои држави за тоа дали Олимпијадата во Атина навистина ќе биде безбедна.

XS
SM
MD
LG