Линкови за пристапност

vesti-2 - 2004-04-02


НАТО

Војници од седумте нови членки на НАТО, ги подигнаа своите национални знамиња во седиштето на Алијансата во Брисел, за време на церемонијата со која се одбележува најголемото проширување на НАТО во неговата 55-годишна историја.

Министрите за надворешни работи на Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија им се придржујана своите колеги од останатите 19 земји-членки на Алијансата, додека почесната гарда ги свиреше нивните национални химни. Министрите за надворешни работи за време на денешните средби ќе разговараат за безбедносните сили на НАТО во Авганистан и по други прашања, вклучувајќи ги и напорите за намалување на разликите околу војната во Ирак под американско водство.

Ирак

Ирачката полиција вели дека во нападот на бомбаш самоубиец на една општинска зграда, во близина на северниот ирачки град Киркук, загинале три лица, вклучувајќи го напаѓачот.

По овој инцидент биле познати само неколку деталји. Во меѓувреме американската армија вели дека денеска еден американски војник загинал од експлозија на бомба покрај пат во Багдад. Портпаролот на американската армија изјави и дека еден американски маринец загинал при престрелка западно од ирачкиот главен град, но се познати деталји од овој инцидент. Вчера загинале тројца припадници на ирачката полиција во градот Бакуба, што се наоѓа 65 километри северно од Багдад.

Европа-Апсења

Турската полиција вели дека дополнителни 10 осомничени милитанти се уапсени во рациите против турските милитантски групи во Турција и во четири западноевропски земји, со што бројот на уапсените порасна на 63 лица.

Рациите во Турција, Италија, Белгија, Германија и Холандија започнаа вчера, а нивна цел бил Народниот револуционерен ослободителен фронт кој повикувал на соборување на турската Влада. Претходно, полицијата изјави дека 53-ца осомничени членови на турската група се притворени за време на координираните рации во петте земји. САД и ЕУ оваа турска група ја сметаат за терористичка организација.

Израел-Палестинци

Судирот меѓу израелската полиција и муслиманските верници во џамијата Ал Акса во Ерусалим, заврши релативно мирно.

Претходно, полицијата го нападнала објектот, откако, како што вели, Палестинците фрлале камења врз еврејските верници на неговата западна страна. Полицијата при нападот користела пластични куршуми и солзавец за да ја растера толпата. Многумина Палестинци нашле засолниште во џамијата и судирот траел најмалку еден час, се додека полицијата не се согласила Палестинците мирно да го напуштат објектот. Некои очевидци велат дека најмалку десетина Палестинци биле уапсени, а неколкумина биле повредени во овој инцидент.

Буш-Тероризам

Комисјата која води истрага за нападите врз САД во 2001-та вели дека сака да знае зошто администрацијата на Буш задржала документи од ерата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Адвокатот на г-динот Клинтон, Брус Линдси вели дека советниците на претседателот Буш предале само една четвртина од 11-те илјади страници што г-динот Клинтон и ги понудил на Комисијата. Г-динот Линдси уште вели дека панелот можно е да не добива комплетна претстава за антитерористичките напори на клинтоновата администрација. Белата куќа вели дека на Комисијата и ги доставува сите потребни информации. Портпарол на Комисијата вели дека панелот преговара со Белата куќа за да одреди кои документи се задржани и зошто.

Шпанија-Бомба

Шпанскиот министер за внатрешни работи соопшти дека била пронајдоа бомба поставена на брза железница меѓу Мадрид и Севиља.

Тој кажа дека вработен во железницата пријавил сомнителен пакет, по што властите пронашле дека содржел 10 килограми експлозив и детонатор. Шпанските медиуми јавија дека експлозивот бил од ист вид како оној што бил употребен при нападите на 11-ти март во Мадрид. Во Мадрид, судија ослободил три лица упсени неделава во врска со овие напади во кои загина 191 лице. Властите уапсија 19 лица. За нападите од минатиот месец најпрвин беше обвинета Баскиската сепаратистичка група ЕТА, но сега се верува оти тие се дело на муслиманските екстремисти поврзани со терористичката мрежа Ал-Каида.

XS
SM
MD
LG