Линкови за пристапност

Зголемен бројот на загинати новинари во 2003 година  - 2004-03-11


Комисијата за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, документираше нагло зголемување на бројот на новинарите убиени во 2003-та, главно поради војната во Ирак. Во извештајот на Комисијата се потенцираат и нападите врз печатот во Кина и Куба.

Комисијата за заштита на новинарите вели дека минатата година во светто се убиени 36 новинари, како директен резултат од нивната работа, споредено со 19 новинари убиени во 2002-та.

Убиствата имало во Колумбија, Иран и Брегот на слоновата коска, па се до Филипините, Русија и Западниот брег.

Но, директорот на Комисијата, Ен Купер вели дека повеќе од една третина од жртвите загинале во Ирак.

„2003 беше ужасна година за новинарите во однос на бројот на убиени новинари. Очигледно, најголемииот фактор за ова беше војната во Ирак. 13 новинари загинале во непријателски оган во Ирак и за жал, иако војната беше прогласена за завршена, и натаму таму има многу насилство, а новинарите секојдневно се во ризични ситуации вршејќи ги своите должности“, вели таа.

Г-ѓа Купер верува оти слободата на печатот и безбедноста во Ирак ќе бидат во фокусот на вниманието и наредната година. Директорот на Комисјата за заштита на новинарите вели дека ситуацијата во Ирак довела до жестока дебата меѓу новинарите околу тоа дали при патувањето со вооружено обезбедување се намалува нивната улога на неутрални набљудувачи.

Во извештајот на оваа група за мониторинг се вели дека минатата година биле притворени 136 новинари додека ги вршеле своите должности во 95 земји во светот.

Истиот извештај наведува дека има намалување на бројот на новинарите затворени во Турција и Непал, но на политичките дисиденти во Куба им се изречени остри затворски казни на 29 независни новинари во оваа земја.

Заради вршење на професијата притворени биле новинари во Бурма, Еритреја и во Виетнам, а петта година по ред, со 39 новинари зад решетки, Кина се рангира како земја која притвора најмногу новинаири во светот.

„Кина е мошне решителна во обидите да го контролира Интеренетот и како тој се користи за ширење на информацијата. Така, има случаи во Кина кога луѓе кои сакаат да се информираат ја газат таа невидлива граница ја лутат Владата, која потоа ги пронаоѓа и ги казнува“, додава таа.

Г-ѓата Купер изрази загриженост дека Мароко во 2003-та година вовел нови анти-терористички закони при апсењето на новинари. Иако новинарите потоа биле пуштени на слобода, проблемот покажува тенденција на продлабочување.

Комисијата за заштита на новинарите ги повикува светските демократии, вклучувајќи ги и САД, некои од нивните сојузници во Централна Азија во борбата против тероризмот да ги повикаат на одговорност за непочитувањето на слободата на новинарската професија.

XS
SM
MD
LG