Линкови за пристапност

Повици за зајакнување на американската јавна дипломатија - 2004-02-11


Сведочењето се случува во атмосфера на претстојната ревизија на јавната дипломатија и нејзината ефикасност по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Маргарет Татвајлер, која неодамна беше именувана за државен потсекретар за јавна дипломатија, вели дека американските напори за информирање треба да бидат повеќе фокусирани.

“Треба да продолжиме да се фокусираме и да емитуваме значајни програми и да преземаме активности во оние делови од светот каде има влошување на односот кон нашата земја. Тоа е најизразено во арапскиот и муслиманскиот светЌ, кажа госпоѓа Татвајлер.

Републиканскиот конгресмен Кристофер Шајс кој претседава со поткомитетот на Претставничкиот дом ги посочи откритијата кои покажуваат дека САД не успеале да ги пренесат своите пораки, особено на Блискиот исток.

“Никаде не е попотребно или потешко да успееме да ги освоиме срцата и свеста на Арапите и Мусиманите, одошто е Ирак. Сета јавна дипломатија во регионот денес треба стриктно да биде фокусирана на убедување на Ирачаните и нивните соседи дека ние таму сме ослободители, а не окупатори“.

Г-дин Шејс и останатите конгресмени беа исклучително критични во однос на тоа како се спроведува американската јавна дипломатија, од работата на американските дипломати до радио и телевизиските програми што се емитуваат во странство, со образложение дека овие напори не успеале да ги променат ставовите кон САД, посебно меѓу младите на Блискиот исток.

Во однос на емтувањето на програми, двајца членови на Бордот на гувернери, тело надлежно за американската програма наменета за странство, кажаа дека новите програми како што се Радио Сава на арапски и Радио Фарда за Иран се покажале како ефикасни. Но, членот на Бордот Норман Патиц вели дека иако Радио Сава е исклучително популарно на Блискиот исток, во изминативе години се уште не е јасно во која мерка новата програма предизвикала значајни промени во ставовите кон САД.

Претседавачот на Бордот, Кенет Томлинсон зборуваше за најновите напори деновиве за воведување на телевизиска мрежа за Блискиот исток.

“Нашата конкурентност на Блискиот исток се сведува на определбата за вистината, и за слободни и отворени дебати и ние на тој медиумски пазар на сензационализам и искривување на факти, ќе бидеме сигнал во вистинска насока“, кажа претседавачот на Бордот.

Господинот Томлинсон вели дека тнр. "огнен ѕид" кој треба да ги штити новинарите и процесот на собирање на информации од страна на емитувачите на оваа американскта програма за странство, како што е Гласот на Америка и другите, од мешањето на американската Влада, мора да остане.

“Веруваме дека е важно да се задржи силата на јавната дипломатија и традициите на емитување на меѓународна програма. Убеден сум дека нема да бидеме успешни во остварување на мисија на пренесување на нашата порака во светот доколку не успееме да ги задржиме овие две независни сфери и тие да делуваат по сосема одвоени правила“, изјави тој.

Истовремено, г-динот Томлинсон посочи дека буџетот за американската програма во странство, во периодот меѓу крајот на Студената војна и терористичките напади во септември 2001 е намален за 40 проценти.

Неодамнешните скратувања објавени од Бордот на гувернерите, меѓу кои прекинот на емитувањето на програмата на Гласот на Америка на 10 источно- европски јазици и намалувањата во други јазични сервиси, поттикнаа нова загриженост оти фокусирањето на Блискиот исток ја ослабува севкупната улога на Гласот на Америка.

Членовите на овој Борд велат дека актуелната состојба во буџетот и пренасочувањето на приоритетите придонеле за неопходноста од вакви скратувања.

XS
SM
MD
LG