Линкови за пристапност

Кери и натаму  фаворит на демократските гласачи - 2004-02-09


Истражувањата на јавното мислење индицираат дека сенаторот Кери води и во Вирџинија и во Tенеси. Тој победи во речиси сите региони на земјата, со исклучок на југот и евентуална победа на предизборите во која и да е од овие две држави или во обете, ќе ја зајакне неговата позиција на кандидат на цела територија на САД.

Сенаторот Кери пред демократите во Вирџинија рече дека гласачите се определуваат за него, бидејќи се уверени оти тој би бил најсилниот демократ против претседателот Буш на изборите во ноември:„И тоа е истата порака која ја носам во Вирџинија и Тенеси и во останатите делови на земјата. А тоа е дека деновите на Џорџ Буш се избројани и на повидок е промена“.

Сенаторот Кери се повикува на победите на трите партиски избори во Мичиген, државата Вашингтон и Мејн изминатиов викенд. Но неговите ривали не се откажуваат. И сенаторот од Северна Каролина Џон Едвардс и пензионираниот генерал Весли Кларк водат кампања во Вирџинија и Тенеси. Нивната вчерашна кампања беше фокусирана на намалувањето на работните места во САД.

Сенаторот Едвардс за емисијата 'This Week' на Еј Би Си изјави дека тој би бил најсилен кандидат на демократите кој може да му се спротивстави на претседателот Буш, поради неговиот апел до гласачите на југот.

/// EDWARDS ACT /// Изборите се за тој кој најдобро може да ја претставува Демократската партија на изборите. Верувам дека тоа сум јас, бидејќи јас можам да го победам Џорџ Буш насекаде во Америка. /// END ACT ///

Вo меѓувреме, поранешниот гувернер на Вермонт Хауард Дин својата кампања ја фокусира на предизборите во Висконсин на 17 февруари, избор за кој тој вели дека мора да го добие.

Претседателот Буш, за време на едночасовното интервју за емисијата 'Meet the Press' на Ен Би Си беше прашан за изборната кампања. Тој рече дека најновите анкети кои покажуваат дека би изгубил од сенаторот Кери, не го загрижуваат:„Мислам дека на американскиот народ му должам да кажам што ќе правам и да го направам тоа. И да зборувам што е можно појасно, да објаснам најдобро што можам зошто сум донел некои одлуки. Јас нема да се променам поради анкетите. Тоа не е во мојата природа“.

Претседателот Буш нема противкандидат во редовите на Републиканската партија. Тој за Ен Би СИ изјави дека има намера да победи на изборите во ноември, и вели дека клучното прашање во кампањата ќе биде кој кандидат, според него, „најсоодветно ќе ја искористи американската моќ за да го направи светот подобро место за живеење“.

XS
SM
MD
LG