Линкови за пристапност

Тим на ОН  ќе ги испитува условите за избори во Ирак - 2004-01-27


Г-динот Анан одби да даде точен временски рок за испраќање на мисија во Багдад, а не коментираше ниту за нејзиниот состав.

На заедничка прес-конференција со францускиот претседател Жак Ширак, генералниот секретар на ОН рече дека групата ќе замине за Ирак на барање на САД, Британија и на Ирачкиот управувачки совет. Нејзината задача ќе биде да испита какви се изгледите за одржување избори во Ирак во наредните неколку месеци.

“Се надевам дека тие ќе имаат шанса да разговараат со голем број Ирачани и навистина се надевам дека нивното присуство и напори ќе помогне Ирачаните да се усогласат за начинот на унапредување на процесот на транзиција“. рече генералениот секретар на ОН.

Господинот Анан ги отфрли шансите за испраќање на мировници на Светската организација во Ирак во блиска иднина, но кажа дека постои можност за распоредување на мулти-национални сили во земјата.

XS
SM
MD
LG