Линкови за пристапност

Меклилан: Нема ништо лошо најважните договори за Ирак да останат во рацете на коалицијата - 2003-12-10


Портпаролот на Белата куќа Скот Меклилан вели дека нема ништо погрешно во тоа да се чуваат бизнисите вредни над 18 милијарди долари во рацете на оние кои помогнале во Ирак.

„Тука зборуваме за парите од американските даночни обврзници и мислам дека е соодветно и разумно да се очекува дека ирачкиот народ и земјите кои соработуваат со САД и со свои сили придинесуваат во активностите во Ирак би требало да бидат оние кои се квалификувани за најважните договори“, рече портпаролот на Белата куќа.

Пентагон соопшти дека ограничувањето на договорите е со намера да се осигураат „најсуштинските безбедносни интереси“.

63 земји од коалицијата под американско раководство, вклучувајќи ги и најдиректните америкнакси сојузници Британија, Шпанија и Италија се наведени како подобни да дадат понуди за проектите за опремување на новата ирачка армија и за обнова на нафтената индустрија во земјата и јавната инфраструктура.

На листата не се наоѓаат Германија, Франција, ниту Русија, кои беа главни противници на инвазијата под американско раководство во Ирак и остро ја критикуваа повоената стратегија на администрацијата на Буш.

Германија вели дека оваа одлука е неприфатлива. Русија смета дека договорите треба да бидат достапни за сите, а Франција соопшти дека започнала со проверка на законитоста на одлуката преку Светската трговска организација.

Според правилата на Светската трговска организација, нудењето на владини тендери не треба да биде дискриминаторско, но сепак ова тело дозволува исклучоци во случаи поврзани со националната безбедност. Г-динот Меклилан вели дека Белата куќа е убедена оти одлуката е во согласност со правилата на Светската трговска организација.

Во време кога администрацијата на Буш се обидува да убеди што повеќе земји да помогнат во Ирак, г-динот Меклилан рече дека не е уверен оти забраната ќе ги обесхрабри потенцијалните сојузници. Дококу и други земји сакаат да се приклучат на напорите, тие би имале шанса да конкурираат за американските договори, вели тој.

„Ние ја поздравуваме можноста за разговори со овие земји, за она што претходно го објавивме во јавноста, за она што правиме со парите на американските даночни обврзници, и за фактот дека доколку и други земји сакаат да партиципираат во нашите напори во Ирак, тогаш условите можат да се променат“, додаде тој.

Г-динот Меклилан вели дека одлуката не забранува компаниите кои се исклучени од листата за конкурирање да работат во Ирак со поддоговори или да се натпреваруваат за добивање на договори финансирани од меѓународни донатори.

XS
SM
MD
LG