Елката може да се види од јужниот тревник на Белата Куќа, високо зимзелено дрво кое ја облагородува студената зимска ноќ со мека светлина.
Елката е симбол на празничниците кои претстојат во главниот град на САД. Во согласност со традицијата претседателот и првата дама, на кои им помагаа локални дечиња, го притиснаа копчето на светилките.
“Ве поканувам да ни се придружите на националното одбројување, започнувајќи со пет, четири три два еден“.
Имаше песни и раскажување приказни на подножјето на дрвото, што е уште една традиција која ќе продолжи се до Божиќ. Претседателот притоа побара од присутните да се потсетат и на американските војници кои се на служба далеку од дома.
“Нашите луѓе во униформи треба да знаат дека им недостигаат на нивните семејства и дека се сакани, дека милиони други се молат за нив“, кажа американскиот претседател.
Господинот Буш направи изненадувачка посета на Багдад, каде се сретна со трупите за време на минатонеделниот празник за Денот на благодарноста. Тој планира активности за започнување на божиќните празници во Вашингтон.