Претседателот Буш вели дека неговиот план за неоштетени шуми е пристап на здрав разум со цел да се намали заканата од деструктивните шумски пожари преку расчистување во ризичните области.
„Преголемите гранки и дрва може да служат како запалив материјал, претворајќи ги малите пожари во големи, а пламените горат со таков интензитет, од што дрвата буквално експлодираат“, искана господинот Буш.
Конгресот го усвои овој план две години по катастрофални пожари во западниот дел на САД од кои изгореа преку 400 милиони хектари земја. Овогодинешните пожари во Калифорнија предизвикаа штета од 250 милиони долари и однесоа 22 живота.
Планот предвидува плаќање на приватни компании да го исчистат вишокот гранки од јавното земјиште во близина на куќите и резервоарите за вода, каде што постои ризик од катастрофални пожари. Екологиститие стравуваат дека индустријата за преработка на дрвото ќе ја искористи предноста за да се сечат и поголемите дрва.