Линкови за пристапност

Идниот јуни избори во Ирак? - 2003-12-02


Политичките набљудувачи во Ирак велат дека оваа вест од Владејачкиот совет се чини дека е обид да му се покаже на највлијателниот муслимански свештеник, Големиот Ајатолах Али ал Систани дека членовите на советот сериoзно ги сфаќаат неговите противења.

Минатата среда ајатолахот јавно кажа дека не е задоволен од договорот што Владејачкиот совет го потпиша на 15 ноември со администрацијата која ја има американската поддршка. Меѓу другото, ајатолахот се противи на користењето на индиректни избори во стилот на лобирање за избор на членови на привремена влада, како што е предвидено со планот. Тој рече дека на вакви значајни избори потребно е учество на сите Ирачани, со цел тие да бидат легитимни.

Американските претставници објаснуваа дека одржувањето на избори во услови на непостоење на изборни закони и релевантен попис ќе биде долготраен и комплициран процес. Американскиот план предвидува воспоставување на транзициона влада до крајот на јуни следната година, а општите избори да се одржат за две години.

Како одговор на жалбите од Шиитите, претседавачот со ротирачкото претседателство на Владејачкиот Совет минатиот месец Џалал Талебани, престојуваше во светиот град Наџаф, јужно од Багдад, да разговара за постигнување компромис.

Членот на Владејачкиот совет и посредник со шиитското свештенство Абдул Азиз Хаким вели дека од овој состанок, Владејачкиот совет напорно работи за да одговори на, како што ги нарече, реалните пропусти во планот за трансфер на власта.

Г-динот Хаким вели дека е оптимист за новиот план зашто може да биде формулиран во полза на интересите на сиот ирачки народ.

Муслиманите Шиити сочинуваат 60 проценти од ирачката популација и високото шиитско свештенство е нестрпливо да ги искористи националните избори за да се избори за правата на малцинството во општеството кое долго време било репресирано во Ирак.

Поради огромното влијание на ајатолахот во шиитската заедница, многумина набљудувачи велат дека секој политички процес зад кој ќе застанат коалицијата и Владејачкиот совет ќе треба да биде одобрен токму од него, доколку се сака тој да успее.

И додека Владејачкиот совет чека ајатолахот формално да ја прознае изразената желба за одржување национални избори, некои членови на советот се изјаснија дека можеби нема доволно време за нивно организирање во следните месеци.

Во неделата, Советот соопшти дека е согласен за формирање комисија за проценка на најдобриот начин за трансфер на власта на ирачкиот народ.

Во меѓувреме, портпаролот на Коалиционата привремена управа со амриканска поддршка, Ден Сенор вели дека планот на кој Владејачкиот свет се согласил на почетокот на минатиот месец останува.

Ние сега работиме на прашањата поврзани со имплементацијата на процесот. Имаме намера да го почитуваме потпишаниот договор, вели господинот Сенор.

Одложувањето или промената на договорот ќе претставува огромно уназадување за администрацијата под американско раководство. САД бараат забрзување на трансферот на власта, за запирање на бранот насилни акти спрема коалицијата во Ирак.

XS
SM
MD
LG