Линкови за пристапност

вести за 11-19-03 - 2003-11-19


САД нудат награда од 10 милиони долари за информација за поранешниот главен заменик на Садам Хусеин.

Коалиционите сили велат дека Изат Ибрахим ал-Дури стои зад неодамнешните напади врз американските трупи и сега е најбараниот човек во Ирак по Садам Хусеин. Меѓу целите на воздушните напади оваа недела врз бунтовниците во Ирак биле и куќите во сопственост на господинот Ибрахим. Овие напади продолжија и во текот на ноќта и денеска, додека борбените авиони фрлаат некои од најголемите бомби употребени по крајот на главните воени операции пред шест месеци. На политички фронт, САД планираат нова резолуција во ОН за да добијат меѓународна поддршка за предложената провизорна ирачка влада следната година.

Пробив на обезбедувањето

Еден британски весник вели дека открил сериозен пропуст на обезбедувањето во лондонската Бакингамска палата, каде претседателот Буш престојува за време на посетата на Британија.

Весникот Дејли Мирор вели дека еден од неговите репортери, Рајан Пери, работел во Бакингамската палата последните два месеци пред да го напушти работното место по пристигнувањето на господинот Буш.

Господинот Пери вели дека употребил лажни препораки да ја добие работата. Тој вели дека неговиот пример покажува „шокантна некомпетентност во срцето на најголемата британска безбедносна операција.“

Бакингамската Палата вели дека покренала целосна истрага по инцидентот.

Секретарот за домашни прашања Дејвид Бланкет денеска тврдеше дека новинарот никогаш не претставувал закана по кралското семејство. Тој вели дека владата била задоволна со безбедносната проверка на господинот Пери.

Портпаролот на Белата Куќа кажа дека американскте официјални лица имаат целосна доверба во британското обезбедување за време на престојот на господинот Буш. Турција – истрага

Израел – Палестинци

Еден вооружен Јорданец денеска ранил петмина јужноамерикански туристи на граничниот премин во близина на едно израелско туристичко место на Црвеното море.

Израелската војска соопшти дека напаѓачот се скрил во еден јордански камион кој се приближувал до израелската страна на границата во близина на местото Еилат. Тој пукал во петмината туристи од Еквадор, по што бил застрелан од израелските војници. Јордан го осуди нападот, нарекувајќи го изолиран инцидент. Во меѓувреме, палестинскиот премиер Ахмед Куреја во Газа разговара со лидерите на милитантните групи за евентуален прекин на огнот. Израелското радио јави дека Израел е подготвен за запирање на тнр. однапред предвидени убиства на милитанти, доколку Палестинците се согласат на прекин на огнот.

Иран – нуклеарна програма

Претседателот Буш ја повика Агенцијата на ОН за атомска енергија да го повика Иран на одговорност според меѓународните договори за неширење на оружјето.

Во говорот во Лондон, претседателот рече дека Меѓународната агенција за атомска енергија мора вистински да ги спроведува своите цели и да го повика Иран на одговорност во однос на преземените обврски. Бордот на Агенцијата утре во Виена ќе одржи состанок на кој се се разгледува извештајот во кој се вели дека Иран тајно произвел мало количество плутониум и збогатен ураниум. Извештајот не содржи докази дека Иран произведувал нуклеарно оружје, но констатира дека е потребна понатамошна истрага. Претходно, највисокиот претставник на иранската национална безбедност кажа дека Владата во Техеран ќе ги отфрли сите обиди, доброволното суспендирање на процесот на збогатување на ураниумот да се претвори во законска обврска.

Северна Кореја

Американскиот помошник државен секретар, Џејмс Кели ја потврди понудата на претседателот Буш за безбедносни гаранции за Северна Кореја доколку ја уништи својата нуклеарна програма.

Господинот Кели ова го изјави денеска по пристигнувањето во Јужна Кореја, што е последната станица на неговата турнеја во три држави за финализирање на повеќестраните преговори за нуклеарниот проблем со Северна Кореја. Утрово господинот Кели во Пекинг се сретна со заменикот министер за надворешни работи на Кина, Ванг Ји. Американската амбасада не сакаше да ги коментира шпекулациите дека господинот Кели носи неколку предлог верзии на пишани безбедносни гаранции за Северна Кореја.

Мајкл Џексон

Медиумите известуваат дека е издаден налог за апсење а поп ѕвездата Мајкл Џексон заради злоупотреба на дете.

Американските новински извештаи велат дека полицијата планира да го уапси пеачот, по вчерашната целодневно пребарување на имотот во Калифорнија. Господинот Џексон во тоа време бил во Лас Вегас, во државата Невада. Властите единствено велат дека потрагатабила во врска со криминална истрага. Но Брајан Оксман, семејниот адвокат на Цексон на новинарите денеска им кажа дека истрагата е резултат на жалба од 12 годишно момче кое вели дека било сексуално злоупотребено од пеачот на имотот. Окружниот обвинител и шерифот велат дека ќе одржат прес конференција подоцна денеска.

XS
SM
MD
LG